за

Што има Brabus за тјунирање во електричен Mercedes EQS

Најпознатата тјунерска работилница во светот ги вклучи електричните лимузини на Mercedes EQ во својата понуда. Спортски издув и чип, тука не помагаат, што му останува на Brabus да направи подобро од тоа што го направила фабриката?

Електричниот крстосувач и пандан на „бензинскиот“ S-Class, Mercedes EQS, уште од фабрика излегува со шампионски низок отпор на воздухот. Brabus успеа да ја подобри CW-вредноста за 7,2 проценти и со тоа електричната лимузина може да извози за 7 проценти подолг пат од фабричкиот EQS. Секако дека тјунерите од Ботроп ги применија и своите класични зафати.

Mercedes EQS се вбројува меѓу автомобилите со најнизок отпор на воздух. Brabus им нуди на сопствениците на овој исклучителен крстосувач на струја можност за уште подобра аеродинамичност, заедно со ексклузивни тркала и спуштено подвозје. Со посветена работа во воздушен тунел, инженерите на Brabus успеаја со своите каросериски додатоци да ја подобрат CW-вредноста за 7,2 проценти, што е цел свет во светот на аеродинамиката.

Тоа му годи и на досегот, па поради намалениот отпор на воздух, EQS во изведба на Brabus постигнува за 7,0 проценти подолг досег, доколку се мери отпорот на воздухот при брзини меѓу 100 и 140 km/h.

Тјунерската работилница од Ботроп, гратче на десетина километри пат од Есен, вградува и каросериски додатоци чијашто карбонска конструкција е видлива јасно и учествуваат во создавањето на вау-ефектот кога ќе се забележи дека станува збор за Brabus. Најголемата заслуга за уште повпечатливата појава на EQS имаат моноблок тркалата од сопствена изработка, што се нудат во неколку различни дизајни, со пречник до 22 инчи.

New item by Automedia MK / Google Photos

За внатрешноста може да се нарачуваат истите ставки како во моделите на Brabus со класичен погон. Тоа секако ја вклучува и прочената Brabus-кожа, што се одликува со највисок квалитет. Своевремено се внимаваше кожата да се нарачува исклучиво од крави што се одгледувани во подножјето на Швајцарските Алпи, затоа што таму нема крупни муви што можат да ја оштетат кожата.

Работата со аеродинамиката има долга традиција во Brabus. Уште во 1985 година, Mercedes W124 со аеро-кит од Brabus постигна CW-вредност 0,26 и со тоа тјунерот се впиша во Гинисовата книга на рекорди.

На фабричките фотографии, тјунираниот EQS има BRABUS Monoblock Z ковани тркала со 10 инчи, во специјална изведба PLATINUM EDITION, со комбинација од тркала 9Jx22 и гуми 255/35 ZR 22 напред, односно 10.5Jx22 со гуми 295/30 ZR 22 назадСпецијален модул BRABUS SportXtra се приклучува во пневматското подвозје и со тоа се постигнува луксузната лимузина да биде спуштена напред за 15 и назад за 20 милиметри.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Овој мини Brabus чини колку Mercedes E-Class

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Јонизатор, е-тротинет, хромирани лајсни: Што нуди Fiat како прибор за Nuova 500

Kia со 576 КС, чисто на струја