за

Електричната сестра на Киа Спортаж ја имаше својата европска премиера во Минхен

Киа уште лани ја прикажа ЕВ5 во Кина како студиски модел, а електричната сестра на Спортаж сега се поајви првпат и пред европската публика.

Целосно електричниот СУВ-модел Киа ЕВ5, во иста класа со бестселерот на Корејците, па оттаму и „електрична сестра на Спортаж“, го имаше своето прво појавување пред публиката во Европа за време на Кар Дизајн Евент во Минхен.

Во баварски Минхен, во просториите на Драјвер и Бизнис Клуб, Европа првпат ја виде ЕВ5 во живо, моделот што спаѓа во иста класа со Спортаж, со генерации најпродаваниот модел на Киа. Разликата со Спортаж, којшто веќе извесно време се продава одлично и во изведбите со хибриден и приклучен хибриден погон, е во тоа што ЕВ5 не поседува класичен мотор – погонот е чисто електричен.

Друга разлика во споредба со постоечката понуда од модели на Киа, барем со традиционалниот дел од понудата, е во тоа што ЕВ5 користи различен пристап, односно е развиена чисто како електирчен модел. Во тој поглед, ЕВ5 се надоврзува на поглавјето што одлично го почнаа и го спроведуваат спортскиот кросовер ЕВ6 и седумседот и електро-знаменосец на Киа, ЕВ9.

Вон Кју Канг, еден од главните дизајнери на марката, ја одржа презентацијата на Киа ЕВ5 пред експертската јавност на настанот во Минхен.

Со должината од 462 сантиметри и ширината од 188 сантиметри, ЕВ5 е споредлив со спортскиот ЕВ6, но го надвиснува со своите 172 сантиметри. Тенките светла потсеќаат на ЕВ9, носителот на титулата на светски автомобил на годината. Назад владее светлечка лента по целата ширина.

Тоа што ја одликува ЕВ5 во споредба со останатите СУВ-модели е нагласокот на вертикалните линии. Таквиот стил го приближува моделот до ЕВ9, и го двои од ЕВ6.

Под ламарината се наоѓа напредна електрична архитектура. Приклучокот за полнење сега се наоѓа во предното десно крило. ЕВ5 ќе се нуди со две големини на батерија,. Основната изведба има преден погон и електромотор од 160 кВ (218 КС), посилната изведба добива електромотор назад и соодветно располага со 230 кВ (313 КС) и погон на сите тркала.

Внатрешноста остава впечаток со свежите елементи, меѓу кои и масичка што се извлекува од совозачкото седиште, разладувана и загревана преграда за патниците назад, како и широко совозачко седиште што е блиску до фотелја. Таблата со инструменти посредува пријатно чувство при допир и волан со четири краци, со футиуристички стил.

Продажбата на Киа ЕВ5 во Европа може да отпочне уште годинава. Конбкуренти се Фолксваген ИД.4 и секако Тесла Модел Ипсилон.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Нисан се подготвува за новиот вид батерија, ја враќа ЕВ-топката кај себе

И превозот на товар цени премиум: Освежени вановите на Мерцедес-Бенц