Киа ЕВ4 мина најтешки тестови на долгиот круг на Нирбургринг, на 20-километарската Нордшлајфе, со возење под полна сила и со полнење на батеријата на ултрабрзи полначи.
По 110.000 километри во тестирање на 4-та генерација на батерии по јавни патишта, Киа доби потврда дека идниот ЕВ4 ќе им обезбеди незначителна деградација на батеријата на сопствениците на овој и на идните модели со новата техника.
Паралелно се возеше и на Нирбугринг, во Зелениот Пекол, како што легендарниот тркач Џеки Стјуарт своевремено ја нарече најпредизвикувачката тркачка патека во светот, 20-километарската Нордшлајфе.
Целта на тестирањата беше да се провери издржливоста и долготрајноста на батеријата за којашто Киа вели дека е најнапредна во целата бранша.
Киа го развиваше новиот ЕВ4 со намера за моделот да се докаже со издржливоста. Секако дека доаѓаат и нови технологии, што донесуваат напредок во погонот при патување на подолг пат, како и во исклучителни временски услови и при често користење.

Издржливоста на ЕВ4 се должи на 4-та генерација на батерии на Киа. Напредокот доаѓа главно од подобрената контрола на температурата, односно од оптимизираното распределување на течноста за ладење до сите батериски ќелии.
Строгото одржување на работната температура на батеријата го продолжува нејзиниот век и обезбедува постojани перформанси
На тој начин се постигнува батеријата да работи во правилното температурно подрачје, дури и при силно оптоварување на погонот. Тоа влијае и за продолжување на векот на батеријата и за задржувањето на нејзината моќност.
По обемни тестови за издржливост, вклучувајќи 110.000 километри поминати по јавни патишта ширум Европа и екстремен тест на Нирбургринг, во должина од 10.000 километри, со работа на погонот под 90 до 95 проценти од максималната моќност.
По тестовите, Киа ЕВ4 одвај дека покажа траги на замор и ги задржа пеформансите на батеријата. Дополнително оптоварување беше полнењето на ултрабрзи полначи при возењето на Нирбургринг. И тоа не влијаеше врз перформансите на ЕВ4.
Инженерите потврдија дека по 110.000 километри по јавни патишта и 10.000 километри на тркачка патека, батеријата задржала 95 проценти од фабричкото ниво. Со тоа воедно се докажува и исполнетата цел на Киа, со новиот ЕВ4 да понуди електричен автомобил што долго ќе остане во сопственост.
Уште една силна страна на Киа ЕВ4 е регенеративното сопирање. Системот работи поефикасно и според техничарите враќа до 25 проценти од енергијата при забавувањето.
Производителот гарантира дека Киа ЕВ4 по 160.000 километри и по осум години ќе задржи најмалку 70 проценти од првичниот капацитет на батеријата.















