Возен парк од 130 автомобили Kia ќе се грижат за безбеден и чист превоз за тенисерите, судиите и важните личности на „австралискиот опен ‘23“. На највидното место на грен-слемот ќе се најде електричната Kia EV6 GT.
Соработката на Kia со престижниот тениски грен-слем турнир трае од 2002 година и со новиот договор продолжува уште пет години, до 2028. На претстојниот „австралиски опен“, Kia ќе стави нагласок на својата визија за одржлива мобилност. Марката во исто време ќе ги инспирира љубителите на тенисот преку мотото „Movement inspires ideas“.
Во чест на долгогодишната улога на главен партнер на отвореното првенство на Австралија, денес на 10-ти јануари, Kia одржа свечено предавање на возилата, на Плоштадот на Федерацијата во Мелбурн. На настанот секако дека присуствуваше и двократниот првак на австралискиот опен и светски амбасадор на Kia, Шпанецот Рафаел Надал.
На свеченоста беа предадени 130 возила, вклучувајќи ги луксузниот ван Carnival и престижниот СУВ-модел Sorento, бестселерот Sportage SUV и електричниот кросовер со најнапредна погонска технологија EV6. Возниот парк ќе работи под полна пареа за време на целиот турнир, што почнува на 16-ти јануари и трае до 29-јануари.
Kia секоја година изненадува на Австралискиот Опен со интерактивна игра што се поврзува со одржливоста и со животната средина
Во арената на Kia, со 5.000 седишта, којашто беше отворена лани, како четвртo најголемo место на коешто се одржува турнирот во Мелбурн Парк, посетителите ќе имаат посебна занимација. Тие ќе можат да ги повторуваат чекорите на своите тениски херои, во рамките на интерактивната игра „Make your move“. Додека на големиот екран го гледаат Рафаел Надал во игра, фановите ќе обидуваат да ги повторуваат чекорите на актуелниот шампион и на тој начин да произведуваат струја, со помош на специјална подлога. Таа енергија потоа ќе се користи за полнење на батеријата на Kia EV6. Првенството ќе го следат и 20 деца од Фондацијата Рафа Надал.
View this post on Instagram