Нови детали околу филмското бегство на екс-шефот на Renault-Nissan

Приведени помошниците за бегството на екс-шефот на Nissan

Армискиот ветеран Мајкл Тејлор и неговиот син Питер денес се појавија пред надлежниот суд во Токио, поради организирањето и изведувањето на бегството на поранешниот менаџер и креатор на алијансата Renault-Nissan, Карлос Гон.

Соединетите Држави во март ѝ ги испорачаа на Јапонија двајцата помошници на Карлос Гон. Тие се наоѓаат во истиот затвор во којшто претходно беше приведен менаџерот на Renault-Nissan. За стореното дело се заканува затворска казна во времетраење до три години. Според наводите на државното обвинителство, двајцата Американци добиле 1,3 милион долари за да му помогнат на Гон да побегне од Јапонија.

Дотогаш еден од најценетите автомобилски менаџери, Гон во 2018 година мораше да ја напушти алијансата што самиот ја создаде и ја водеше успешно. Во декември 2019 година, тој побегна од Јапонија, каде што се наоѓаше во домашен притвор. Тој го надитри надзорот во својот дом, се упати во хотел во близина, каде отседнаа двајцата помошници и со приватен лет отпатува прво за Истанбул. Постои претпоставка дека менаџерот бил сокриен во кутија за контрабас, којашто двајцата Американци ја носеа со себе при излегувањето од хотелот.

Патешествието понатаму продолжи за Либан, земја којашто нема потпишано протокол за испорака на осуденици со Јапонија. Покрај француско и бразилско државјанство, Гон има и либанско државјанство.

Моментно се водат дузина постапки против Гон. Во Јапонија против него се води процес поради сомневања за погрешно наведување на своите приходи и воедно за користење на средства од компанијата за приватни цели.

>>> Како екс-шефот на Renault побегна сокриен во куфер за контрабас

Претходна објаваPorsche нуди пакет Touring за тркачкиот 911 GT3
Следна објаваТемпо 30 низ град е најдобар одговор за поскапувањето на горивата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here