Канада вложува 25 милиони долари во полначи за електрични автомобили

Министерството за енергија и природни ресурси на Канада на 13-ти август соопшти дека ќе вложи 25 милиони канадски долари во проширување на мрежата од полначи за електрични автомобили ширум земјата. Главнината од сумата е наменета за Квебек.

Инвестицијата од 25 милиони канадски долари ќе биде насочена во три правци. На НРЦан (Природни Ресурси на Канада) ѝ припаднаа близу 10 милиони долари за 23 проекти, за поставување преку 850 полначи за електрични автомобили по целата територија на Канада, „од коишто повеќето ќе бидат во Канада,“ соопштува Министерството.

Станиците ќе се поставуваат во близина на работни центри, јавни простори, долж автопатите и во згради.

Парите доаѓаат од Програмата за инфраструктура за возила со нулта емисија (ЗЕВИП).

„Со денешната објава, го забрзуваме преоѓањето кон возила со нулта емисија,“ порачува во соопштението министерот за енергија и природни ресурси Тим Хоџсон.

Премалку полначи за електрични автомобили

Брејн Кингстон, извршен директор на канадското здружение на производители на возила, коешто ги застапува интересите на големата Детроитска Тројка во Канада, цени дека се мали сумата и бројот на станици за полнење.

„Во Канада постои голем и растечки јаз во јавната мрежа од почначи, за чиешто надминување е потребно секоја година да се поставуваат по 40.000 полначи. Со сегашната брзина на изградба на мрежата е невозможно да се исполнат целите за продажба на електрични автомобили што ги има поставено државата,“ изјави тој за Аутомотив Њуз Канада.

Почнувајќи в година, Отава ќе бара 20 проценти од продажбата на нови патнички автомобили и доставни возила да бидат со нулта емисија, вклучувајќи приклучни хибриди. Планот за понатаму е по 2035 година да се продаваат исклучиво лесни возила со нулта емисија.

Сојузната влада е под притисок да ја смени таа цел за продажбата на патнички и доставни електрични возила. Производителите на автомобили велат дека не можат да ја достигнат таквата цел за продажба и дека за нејзино исполнување ќе мораат да престанат со продажба на возила со бензински мотори, што ќе предизвика штета врз домашното производство.

Видеото од тестот на Рено 5 во Аутомедиа

Тековниот број на станици за полнење е далеку зад нивото што е потребно за да се исполнат поставените цели и барања.

Во анализата што Природни Ресурси на Канада во 2021 година ја нарачаа од Дански Енерџи енд Клајмат, беше проценето дека веќе годинава ќе бидат потребни 52.000 полначи.

Во истата беше утврдено дека ширум Канада во моментов има малку над 35.000 станици за полнење, што е далеку под 100.520 станици што на Канада ѝ се потребни за да ги исполни цените за електрични возила.

„Денешната најава за поддршка на дополнителни проекти за полнење ЕВ е од голема помош, но и натаму е итно потребен сеопфатен национален план за изградба на широка, едноставна за користење и издржлива мрежа од јавни полчначи ширум Канада,“ порачува Кингстон.

Според последните податоци од Природни Ресурси на Канада, 88 проценти од станиците за полнење во Канада се наоѓаат во Британска Колумбија, Онтарио и Квебек. Во овие провинции лани беа постигнати 92 проценти од вкупната продажба на ЕВ во земјата.

Останатите проекти за полначи за електрични возила

Покрај вложувањето во јавни станици за полнење електрични лесни возила, НРЦан најави дека ќе вложи 8 милиони канадски долари во шест проекти во рамките на Енергетската Програма за Иновации (ЕИП). Овие проекти се насочени кон товарни возила од средна и тешка категорија и кон возни паркови со електрични возила.

На четири проекти за осовременување на возните паркови на транспортните и градежните компании, како и на комуналните служби, ќе бидат потрошени 7,9 милиони канадски долари, со цел да се скусат нивните трошоци за гориво и да се намали емисијата на штетни гасови.

Сојузната влада цени дека патниот транспрот учествува со околу 18 проценти во вкупната емисија на стакленични гасови во Канада.

Од 2016 година, Отава има вложено преку 1 милијарда канадски долари во изградба на станици за полнење електрични возила ширум земјата.

Претходна објаваВоздухопловните сили на САД ќе користат Тесла Сајбертрак за да вежбаат гаѓање цели
Следна објаваГерманија со скапото осигурување ја отежнува продажбата на кинеските автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here