Воздухопловните сили на САД ќе користат Тесла Сајбертрак за да вежбаат гаѓање цели

Војската на САД сака да дознае кој е најдобриот начин за Тесла Сабертрак да ја крене во воздих.

На офицерите на воздухопловните сили на САД им се потребни 33 возила што ќе ги користат за „тестови со ракетен напад“ во Ново Мексико, стои во документите што се доставени до генералштабот.

Повеќето од возилата може да бидат лимузини, СУВ или пикапи од која било марка, но во документите точно се наведува дека се потребни два Сајбертрак, поради загриженост дека непријателите можат тој автомобил да го користат за да бидат подобро заштитени во борба.

„Утврдено е дека тие не трпат вообичаен обем на оштетување што се очекува при силен напад,“ пишуваат воздухопловните сили.

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, величаше дека Сајбертак е „отпорен на куршуми“ и „отпорен на апикалипса“, иако демонстрацијата на бината за време на премиерата на Сајбетрак не мина најславно. Чеченски војсководец во минатата година објави видео во коешто вози Сајбетрак со монтиран митралез, што потоа им бил испратен на руските сили во Украина.

„Агресивно остриот и футуристички дизајн на Сајбертрак, заедно со нелакираниот егзоскелет од нерѓосувачки челик, го двои од конкурентите што обично користат лакирана челична или алуминиумска каросерија,“ се наведува во еден од документите на воздухопловните сили. „Покрај тоа, 48-волтната електрична мрежа испорачува висока моќност и ефикасност, каква што ривалите допрво почнуваат да развиваат. Обемните истражувања на интернет … не наидоа на возила со својства што се споредливи со Сајбетрак.“

Возилата не мора да се во возна состојба, туку е доволно да стојат на тркала, за да може да се одвлечат на местото. Каросеријата, стаклата и ретровизорите не смее да бидат оштетени.

Не е наведено колку планира војската да потроши на Сајбетрак. Основниот модел чини 80.000 долари.

Покрај Теслите, воздухопловците на САД планираат да гаѓаат 18 лимузини – шест црни, шест бели и шест сини или зелени, сите со сончев покрив – пет пикапи, пет СУВ и три камионети со сандачар назад.

Претходна објаваКокпитот на новиот Ауди Ку 3 е спој меѓу дизајн и функционалност
Следна објаваКанада вложува 25 милиони долари во полначи за електрични автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here