Дизајнерот на електричните БМВ ќе црта за кинески Шаоми

Каи Лангер, главниот дизајнер на електричните „и-модели“ на БМВ, ќе работи за Шаоми Технолоџи, еден од најголемите производители на паметни телефони од Кина, што направи брз и успешен пробив во светот на електричните автомобили.

По повеќе од две децении во постојано унапредување во групацијата БМВ, Лангер од 1-ви август работи за Шаоми. Дизајнерот напиша во својата објава на ЛинкдИн, дека тоа е „еден од најпрогресивните и растечки технолошки играчи во светот.“

„Љубопитен сум за можностите што ќе ми бидат дадени за да продолжам да создавам светла иднина,“ додаде тој, не наведувајќи ја улогата што тој ќе ја добие во Шаоми.

Лангер не е првиот ветеран од дизајнерското одделение на БМВ што е ангажиран да работи за Шаоми.

Ли Тианјуан, кој девет години дизајнираше за БМВ во студијата во Шангај и Минхен, во 2021 година беше назначен за главен дизајнер во Шаоми.

Во март 2024 година, Шаоми ја пушти во продажба електричната лимузина СУ7 и нејзината спортска изведба СУ7 Ултра, а по нив и електирчниот СУВ-модел ЈУ7.

Компанијата само во јули продаде преку 30.000 електрични автомобили, објави основачот и претседател на Шаоми, Леи Џун, на својот профил на кинеската мрежа Веибо.

Претходна објава70 години: Пежо 403 со дизајн на Пининфарина, произведуван во 13 држави на 5 континенти
Следна објаваТајван ќе забрани увоз на кинески автомобили од трети земји

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here