70 години: Пежо 403 со дизајн на Пининфарина, произведуван во 13 држави на 5 континенти

Со елегантна линија дизајнирана од Пининфарина, Пежо 403 остави неколку историски моменти, меѓу другото и како прва лимузина од средна класа со дизел мотор и со изум што овозможуваше возачкото седиште да се приспособи според секој возач.

Пежо го проиведуваше 403 во лимузинска, комби и ван изведба, па дури како пикап. Тоа беше вистински светски автомобил, произведуван во 13 земји на пет континенти.

Францускиот склултор Огуст Роден кажа дека „ништо не е толку убаво како руините на нешто што е убаво.“ За вистинитоста на ова тврдење говори фактот, што неизмиениот и исчукан Пежо 403 Кабриолет на легендарниот инспектор Колумбо, беше пратечка ѕвезда во истоимената криминалистичка тв-серија од 1970-те години. Под ‘рѓата и гребаниците сепак се препознаваа чистите и мазни линии на еден од најпознатите модели на француската марка.

Пежо 403 се појави првпат на 20-ти април 1955 година, во дворецот Трокадеро, спроти Ајфеловата Кула. Тоа беше прв модел на Пежо од серијата 400 по втората светска војна и тој се произведуваше сé до 1966 година. Во раните години, на хаубата беше поставен лав, изведен во хром. Кралот на џунглата во 1959 година сепак мораше да си замине од маската поради новите безбедносни норми.

Овој модел од средната класа брзо ја освои француската публика, со својот елегантен дизајн од Пининфарина, со издржливоста, со одличните возни својства, а пак со добар комфор, како и со кусиот круг на вртење што правеше автомобилот да биде лесно подвижен низ град.

Новина во комфорот беше местењето на возачкото седиште по висина и по агол, што овозможи секоја возачка и секој возач да си ја најде вистинската положба зад воланот. Понатаму, седиштата можеше да се претворат во лежај, што беше и главен продажен аргумент во рекламните кампањи на Пежо во тие години.

Во кокпитот владееше луксузна средина, барем за стандардните во тоа време, со амперметар, мерач на температура на моторот, со мерач на горивото во резервоарот, предупредувача светилка за прениско ниво на масло, па и со часовник што беше исклучително прецизен.

Моторот во Пежо 403 беше 1,5-литарски, со моќност од 58 КС, со којшто се постигнуваа 125 км/ч. Во октомври 1958 година, моделот на Пежо стана прва лимузина со дизел мотор. Со зафатнина од 1,8 литар, овој мотор на Инденор постигнуваше 48 КС и крајна брзина од 105 км/ч.

Уште една одлика на Пежо 403 беше неговата разновидност. Марката го произведуваше моделот во лимузинска, комби и ван изведба, па дури и како пикап. Пежо 403 Фамилиал, од 1957 година, вистински предводник е на денешните СУВ и минивани, со место за 9 патници и 3 реда седишта.

Пикапот уживаше високо реноме на африканските пазари, каде што беше ценет поради комфорот, едноставното одржување и силните сопирачки. Врз овие темели потоа следеа Пежо 504 и 505, коишто исто така се докажаа во Африка.

Поради сите овие својства, Пежо 403 беше мерило за добар автомобил на сите страни на светот. Освен во Франција, моделот се произведуваше и во Белгија, Португалија, Ирска, Јужна Африка, Нигерија, Австралија, Нов Зеланд, па и на Филипините, во Чиле, Уругвај и Аргентина. Пежо 403 беше вистински „светски автомобил“ уште пред браншата масовно да почне да развива модели според тој принцип.

Од тестот на хибриден Пежо 308 во 2022 година: Со погон на батерија до Рамно

Популарен и со одлична продажба, Пежо 403 прерасна и во културна икона. Освен во „Колумбо“, тој се појави во бројни филмови во ерата на „Нувел ваг“. Меѓу најпознатите појавувања му се сцените во филмот „Бретлес“ од 1961 година со Жан Пол Белмондо, во режија на Жан Лук Годар.

Претходна објаваНовиот шеф на Џагјуар ги отфрла критиките на Трамп за ребрендирањето на марката
Следна објаваДизајнерот на електричните БМВ ќе црта за кинески Шаоми

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here