за

Гарантиран луксуз: Петгодишна гаранција за RANGE ROVER, DEFENDER И DISCOVERY

Од 1 септември гаранцијата за брендовите Range Rover, Defender и Discovery се продолжува од три на пет години или изминати 150.000 километри

Високата побарувачка за Дефендер ја одржува продажбата на Јагуар Ланд Ровер во раст.

Петгодишна гаранција од производителот за сите нови модели на Range Rover, Defender и Discovery ќе стапи на сила на 1 септември 2023 година. Иницијативата ќе им даде на клиентите дополнителна сигурност и смиреност при изборот на возило од еден од луксузните брендови на JLR.

Новата гаранција се однесува на сите модели низ Европа и ја продолжува постоечката тригодишна гаранција за да обезбеди заштита до период од пет години или изминати 150.000 километри – според условот што прв ќе се исполни. Со тоа клиентите ќе бидат сеопфатно заштитени со гаранцијата и ќе продолжат да ги уживаат придобивките од сервисните услуги со највисок квалитет како никогаш досега.

Покрај тоа, клиентите на Range Rover, Defender и Discovery ќе уживаат и во поврзаноста со InControl Remote за период од пет години или изминати 150.000 километри, што нуди поголема погодност и организира помош во итен случај – во склад со искуствата со модерен луксузен бренд што JLR има намера да ги обезбеди.

Тригодишните гаранции се стандард во автомобилската индустрија, така што воведувањето на петгодишна гаранција покажува дека Range Rover, Defender и Discovery нудат многу повеќе за своите клиенти. Сите модели од секој од брендовите ќе бидат покриени со новата петгодишна гаранција, вклучувајќи делумни хибриди и плаг-ин електрични хибриди, од 1 септември 2023 година.

Новите гаранции значат дека клиентите во куќата на JLR ќе го уживаат истото ниво на заштита, бидејќи и моделите на Jaguar имаат петгодишна гаранција од 1 јули 2022 година

Продолжувањето на постоечката гаранција има за цел да го подобри искуството на клиентите и сопствениците со овозможување сервисни услуги за време на гарантниот период, а во исто време да создаде услови како за физичките така и за правните лица транспарентно да ги пресметаат оперативните и трошоците за одржување за подолг период.

Новата петгодишна гаранција ќе го подобри искуството на сопствениците и влева надеж дека ќе има позитивно влијание врз преостанатата вредност на моделите на Range Rover, Defender и Discovery. Ова, за возврат, ќе обезбеди придобивки при рекламирање на користените возила. На долги патеки, поголемите преостанати вредности ќе ги намалат трошоците за поседување преку поттикнување подобри услови за лизинг и финансирање.

Продолжениот пристап за поврзување со InControl Remote исто така ќе биде достапен од 1 септември за сите новорегистрирани модели. Тоа им овозможува на корисниците да имаат едноставна и интуитивна интеракција со своите возила, дури и на големо растојание. Апликацијата за паметен телефон може да се користи за проверка на преостанатото гориво и степенот на енергетско полнење, како и да се види дали вратите и прозорците се затворени или отворени. InControl Remote ја оптимизира и програмата помош на пат и во случај на потреба автоматски испраќа итен повик.

Новата петгодишна гаранција на JLR ќе се применува на сите пазари во Европа од 1 септември, издигнувајќи го квалитетот на услугите на целиот континент.

(Соопштение за јавност, АУТОМОБИЛИ ГРУП)

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen Passat отсега од Словачка, само уште како комби

Британците ќе го чуваат звукот на Jaguar во Националната Библиотека