Британците ќе го чуваат звукот на Jaguar во Националната Библиотека

Додека Jaguar постепено преоѓа кон електрични автомобили што одвај се слушаат додека се движат, звукот на Jaguar F-Type V8 се архивираше во Британската Библиотека за навек.

Препознатливиот звук на моторот V8 во спортското купе F-Type ќе се најде во архивите на Британската Библиотека, заедно со најважните културни обележја на земјата. Во истата архива се наоѓаат и звучните снимки од првите автомобили по британските патишта.

Звукот на F-TYPE R 75 Coupe 5,0 V8 со 575 КС е снимен во наменски подготвената акустична соба во техничкиот центар на Jaguar во Гајдон. На истото место беше и создаван звукот на издувот на F-Type.

„Музиката“ на осумцилиндарецот со механички компресор е снимена и од кабината и однадвор. Записот ќе биде архивиран наесен, за луѓето од цел свет и за навек да можат да го слушнат последниот спортски автомобил на Jaguar со мотор со внатрешно согорување.

За снимањето служеше R 75 Coupe, од специјаланата серија за 75-годишнината на „дивата мачка“, лакиран во лигуриан-сатен црна боја, со кого што беа изведени неколку силни забрзувања и промени на степен на пренос.

Звукот на F-Type со мотор V8 со механички компресор буквално е компониран, со зафати во целиот мотор, а посебно во издувниот и вшмукувачкиот тракт. Повеќе од 85 измени беа извршени при развојот на 5,0 V8, пред менаџерите да го одoбрат конечниот звук на моторот.

Со овој мотор, Jaguar F-TYPE R 75 Coupé спринтува до 60 милји на час (96 km/h) за 3,5 секунди, а крајната брзина му е ограничена на 186 милји на час (300 km/h).

Претходна објаваГарантиран луксуз: Петгодишна гаранција за RANGE ROVER, DEFENDER И DISCOVERY
Следна објаваКинески марки и Tesla, против BMW, VW, Mercedes на салонот во Минхен

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here