Во време кога британскиот производител се подготвува за преоѓање на целосно електрични возила и го најави завршетокот на производството на моделот, Ф-Тајп во својата кабриолет изведба освои важна награда, во изборот за автомобил на годината од германскиот специјализиран магазин за спортски автомобили, Шпорт Ауто.
Отворената каросериска изведба на Јагуар Ф-Тајп П300 го освои првото место во изборот на автомобили на годината на германскиот магазин Шпорт Ауто, во категоријата на кабриолети и родстери со цена до 100.000 евра, од увозни марки.
Кабриолетот на марката под знакот на брзата мачка освои 25 проценти од гласовите од читателите за соодветната категорија на изборот. Впечатлив успех постигнаа и Ф-Тајп Купе П300, во конкуренција на купе возила со цена до 75.000 евра (14% од гласовите) и Ф-Тајп Р75 кај купеата со цена до 150.000 евра (16%), коишто го освоија третото место во своите категории.
За 190-те модели во изборот во 20 категории, гласаа 9.344 читатели на магазинот
Германскиот специјализиран магазин за спортски автомобили Шпорт Ауто, издание на Ауто Мотор Унд Шпорт, ценетиот избор го одржува 31-ви пат. Покрај седумте категории за тјунирани возила и опрема, коишто се главните категории во изборот, се прогласуваат победници и кај сериските автомобили, коишто се поделени во 13 класи.
Ф-Тајп уште при првото појавување во актуелната генерација, меѓу другото ја понесе и титулата на „Најдобро дизајниран автомобил“ во изборот за светски автомобил на 2013 година. Купето и кабриолетот оттогаш поставуваат мерила за исклучителни спортски возила, што се фокусирани на возачот, вклучувајќи и спектакуларен звук од моторите В8, што се нудат во моделската серија.
Незаборавниот звук на моторот В8 на Јагуар годинава беше трајно архивиран во Британската Библиотека
Јагуар е на пат да прерасне во современа и целосно електрична луксузна марка. Со специјалнаата серија Ф-Тајн ЗП Едишн, што е изработена во ограничен број примероци и инспирирана е од незаборавниот Е-Тајп од 1960-те години, отпочна збогувањето со моторите со внатрешно согорување, по 75 години од основањето на марката. Последната серија од спортскиот автомобил со мотор В8 и механички компресор, достапна е во купе и кабриолет изведба.