Новата специјална серија на тројката на Алфа Ромео – Тонале, Џулија и Стелвио – посветена е на корените на миланската марка, на врвната италијанска изработка и на спортскиот дух на автомобилите од марката.
Милано ги отвори нарачките за новата специјална серија, именувана Трибуто Италиано. Алфа Ромео првпат настапува со специјална серија, што нема да се нуди само на избрани пазари или региони, туку ќе биде достапна насекаде.
Главното обележје на Трибуто Италиано е бојата на каросеријата. Тонале, Џулија и Стелвио во оваа серија можат да се нарачаат само во трите бои на италијанското знаме: Росо Алфа, Верде Монтреал, Бјанко Алфа.
Црниот покрив е стандард, исто како и целосниот пакет спојлери, италијанското знаме на капите на ретровизорите и уште бројни детали во надворешноста.
Ексклузивноста на серијата се препознава уште повеќе во кабината. Црните кожени седишта се контурирани спортски и имаат перфорирана облога и црвени детали, секако со задолжителното втиснато лого во потпирачите за глава.
Моделите Трибуто Италиано го претставуваат врвот во гамата на Тонале, Џулија и Стелвио
Познавачите нема да ги пропуштат деталите. Во предната маска, скудетото, вметната е рамка во форма на латинично В, во црна боја кај Џулија и Стелвио, односно во темна мирон боја кај Тонале. Зад тркалата од 21 инчи кај Стелвио (19 кај Џулија и 20 кај Тонале) ѕиркаат сопирачки клешти Брембо во црвена боја.
Посебност кај Тонале Трибуто Италиано се и целосно лакираните браници, арките на крилата, праговите. Како најпродаван модел на Милано, Тонале во оваа серија добива и заштитни плочи за подвозјето во темна мирон боја, како и целосни диодни матрични светла и хромирана двојна издувна цевка, во погонската варијанта Ку4 Плагин Хибрид.
Мајсторите за стилизација додадоа и „карбон изглед“ на инструмент таблата, заедно со лого на Алфа Ромео, амбиентално осветлување и алуминиумски финиш за средишната конзола.
Соодветно за улогата на топ-модели, опременоста е импресивна: Двозонска автоматска клима, греење на волан и рачки за промена на степен зад воланот, грејачи во предните седишта, аудио систем Харман Кардон со 14 звучници и сабвуфер. Кај Стелвио и Тонале дополнително има автоматско ракување со задниот поклопец.
Џулија и Стелвио Трибуто Италиан може да се нарачаат или со дволитарски бензинец со 280 КС или со 2,2-литарски дизел со 210 КС. Погон на сите тркала и 8-степен автоматик се подразбираат. Трета опција е дизел со 160 КС и погон назад.
View this post on Instagram
Кај Тонале, може да се избира меѓу благ хибриден погон со 1,5-литарец со 160 КС или приклучен хибрид со системски 280 КС и погон на сите тркала.
Најважното допрва следи. Ексклузивните модели стандардно располагаат со приспособливо подвозје со „двостепени вентили“ во амортизерите, што овозможува да се активира или спортски авгтомобил, или комфорен крстосувач.
Спектакл мајсторите на Алфа Ромео го организираа фотографирањето на специјалната тројка во Матера, еден од најстарите градови во светот. Матера е прочуена по пештерските цртежи Саси, коишто Унеско во 1993 година ги прогласи за светско наследство.