за

Кога глупавиот и поглупавиот ќе се впуштат во измама со возила

Шестмина од Скопје и Арачиново се здружиле во криминална шема којашто единствено ним им се чинела логична и одржлива.

Кога глупавиот и поглупавиот ќе се впуштат во измама со возила

Снимени се бројни филмови, напишани се безброј книги и секојдневно се раскажуваат приказни во коишто на повеќе или помалку видлив начин се препознава генијалноста на некои ликови што во основата пак се сведуваат на крадци. Неколку млади ликови од скопско исто така се ставиле во филм.

Министерството за внатрешни работи утрово објави соопштение во коешто се јавува за разбиена криминална шема околу купопродажба на автомобили. Одделението против криминал што е надлежно за подрачјето на Аеродром и Драчево, заедно со Одделот за криминалистичка полиција поднело кривична пријава против Р.А.(27), поради постоење основи на сомневање дека сторил шест кривични дела „измама“, како и против М.А.(18), К.К.(29) и Н.А.(29), поради постоење основи на сомневање дека сториле по три кривични дела „измама“, казниви по чл. 247 од Кривичниот законик. Вредноста на имотот што измамниците го придобиле противправно се проценува на 5.472.790 денари, односно близу 90.000 евра. Во просек, по 15.000 евра по возило.

Криминалната шема се одвивала на тој начин, што пријавените барале огласи за продажба на поскапи користени автомобили и прикажувајќи се како купувачи, договарале средба со сопствениците кај нотар што бил дел од шемата. Процедурата на овој начин добивала некаква легитимна форма пред продавачите, но и не само пред нив. Во нотарскиот договор бил наведуван износ во висина до 3.000 евра, до колку што македонските закони дозволуваат плаќање во готово. Продавачите воопшто не биле свесни дека со потпишувањето на договорот самите станале „потписници“ на криминалот, воедно обезбедувајќи им сосем легален документ на крадците.

Криминалците „го искористувале невниманието на оштетените“

Остананиот износ до полната вредност на купопродажниот договор требало да им биде платен на сопствениците на место што го посочувале божемните купувачи. Откако првиве ќе се појавеле на договореното место, за трето лице на рака да им исплати до целосната сума, пријавените лица „во даден момент, искористувајќи го невниманието на оштетените, им ги земале клучевите и заминувале со возилото кое било предмет на купопродажба.“

Министерството поднесе кривични пријави и против други шест сторители за реализирани седум кривични дела „прикривање“ по чл. 261 и едно кривично дело „помагање“ по чл. 24 ст. 2 од КЗ на РСМ и тоа против А.Н. (44) од Арачиново, Р.С. (30) од Скопје, Н.И. (24) од Скопје, М.А. (23) од Скопје, Р.Ш. (28) од Скопје и Х.Ч. ((56) од Скопје. Во врска со случајот од страна на полициските службеници се одземени шест возила кои се предадени во Агенцијата за одземен имот до завршување на постапката.

Нормално дека криминалната шема веднаш била разбиена. Како понатаму требало да се одвива „судбината“ на украдените автомобили, тоа веројатно би било добра основа за сценарио на филм со наслов „Македонија и криминалите со користените автомобили“.

>>> Бентлито не е единствен случај, тие се натпреваруваат

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

LED-светлата станаа стандард, врвот се ласерски и матрични светла

LED-светлата станаа стандард, врвот се ласерски и матрични светла

Kia Stinger подобар „кватропорте“ и од Maserati

Kia Stinger подобар „кватропорте“ и од Maserati