Infiniti со ретро-тркач од историјата што не постои

Infiniti Prototype 9

Infiniti ја враќа суштината на студиските автомобили. Тие треба да изненадат, да побудат љубопитност, па и да насмеат. Сето тоа му успева на Infiniti Prototype 9. Тоа што овој ретро-тркач нема никаква искориска поткрепа, во случајов е апсолутно споредна работа.

Премиум-марката на Nissan сé прави правилно. Фановите се поклонуваат пред името Infiniti, продажбата врви солидно на матичните пазари, марката се вмешува и во мотоспортот. Единственото што недостига е историја. Неполни три децении се премалку за Infiniti одвреме навреме да се повика на своето минато. Зошто тогаш историјата да не се „произведе“ сега?

Infiniti Prototype 9

Дизајнерите го создадоа Infiniti Prototype 9 како ретро-тркач по пример на родстерите што во 1940-те години се натпреварувале по патеката Тамагава. Електричниот погон е „остаток“ од денешницата. Школката сепак е оформена рачно, од врвните мајстори на Nissan, легендарните такуми.

Од спонтан разговор до општа еуфорија за изработка на Infiniti Prototype 9

Според шефот Роланд Кригер, сé почнало спонтано, од обичен разговор, за тоа да прерасне во еуфорија во целиот тим и на крај да се дојде до „прототипот“. Нема потреба од барање алиби околу причините за изработката на овој автомобил, резултатот е фантастичен и пристига како едно од најголемите освежувања годинава.

Infiniti досега можеше да се повика на историјата најдалеку до 1965 година, до Prince R380. Во компанијата сметаат дека Prince е првиот премиум производител на автомобили од Јапонија. R380 победи на јапонското гран-при на Фуџи Спидвеј во 1966 година. Prototype 9 практично е замислен како претходник на R380, кој ќе ја „продолжи“ историјата до 1940-те години.

Прототипот е означен со бројката 9 затоа што на јапонски таа се изговара „кју“, односно како буквата Q на англиски јазик, којашто се користи во актуелното моделско означување на Infiniti. Дизајнот е создаден во студиото на Infiniti во Ацуги, додека за изработката беше задолжен разојниот центар на Nissan во Јокохама. Мајсторството е дело на такуми.

Infiniti Prototype 9 со новиот електричен погон од Nissan Leaf

Под челичната школка со елементи од аеронаутиката, како главна инспирација на автомобилскиот дизајн од 1940-те години, сепак работи електричен погон, и тоа, од новата генерација на Leaf што се очекува во септември. Електромоторот располага со моќност од 148 КС и вртежен момент од 320 њутнметри. Погонот секако е назад. Крајната брзина изнесува 170 km/h, спринтот до стотка трае 5,5 секунди. Во услови на трка, батериите на Prototype 9 ќе испорачуваат енергија 20 минути.

Prototype 9 го имаше своето прво појавување пред публика на престижниот собир на сопственици на олдтајмери во Пебл Бич, Калифорнија.

Технички податоци · Infiniti Prototype 9

Школка и шасија

Тркачки едносед со челична рамка и рачно изработени каросериски панели

Погон

Електричен

Батерија

Литиум-јон

Моќност на електромотор

148 КС

Вртежен момент на електромотор

320 Nm

Погон и пренос

Назад, фиксен пренос

Суспензија

Напред крута оска со листести пружини, назад Де Дион оска со листести пружини

Управување

Механичко, без серво

Амортизери

Хидраулични, ротациски тип

Бандажи и гуми

19 инчи, жичани, со централна завртка, гуми 450-19 напред, 650-19 назад

Сопирачки

Напред вентилирани дискови, назад дискови, без серво

Димензии

4330 х 1820 х 910 mm

Растојание од подлога

65 mm

Меѓуоскино растојание

2700 mm

Ширина на трага

Напред 1550, назад 1570 mm

Тежина

890

Распределба на тежина

43% напред, 57% назад

Крајна брзина

170 km/h

0-100 km/h

5,5 s

Infiniti Prototype 9

Infiniti Prototype 9

Infiniti Prototype 9

Infiniti Prototype 9

Претходна објаваБоливиски литиум во батерии за електрични автомобили
Следна објаваFord GT во двојно лимитирана серија ’67 Heritage Edition

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here