Првично беа планирани само 500 примероци, потоа плановите се зголемија двојно. Купувачите лудуваат по суперспортскиот Ford GT, барем оние што можат да си дозволат. Ford не ги одбива побарувањата. Следи серија во чест на победата на Леман во 1967 година. Лани веќе имаше една серија „Heritage Edition“.
Суперспортскиот Ford GT доби нова специјална серија во ограничен број примероци. Серијата ’67 Heritage Edition е изработена во чест на славната победа на Ford GT Mark IV на 24 Часа Леман пред половина век. Тоа беше втората победа во низа на GT на маратонската трка. „Наследничкото издание“ е лакирано во црвена боја, со бели ленти и видливи карбонски елементи. На хаубата и на вратите се наоѓа стартниот број. Појавата ја заокружуваат ковани алуминиумски бандажи од 20 инчи во сребрена боја, со црни навртки. Ексклузивниот GT добива уште црвени сопирачки клешти и сребрени ретровизори.
Ford GT ’67 Heritage Edition со ексклузивни детали во кокпитот
Во кабината се наоѓаат седишта со карбонска школка, обложени со кожа и штепувани со црвен конец, кој се користи и на воланот. Ремените исто така е во црвена боја. На арматурната табла и во облогите на вратите се забележуваат детали од нерѓосувачки челик. Серијата ’67 Heritage Edition добива специјална плочка со серискиот број на возилото, прагови од матиран карбон и посебен дизајн на отворите за воздух во средишната конзола.
Оваа „двојно лимитирана“ серија ќе биде достапна од следната година. Лани Ford понуди специјална серија ’66 Heritage Edition, достапна во само 50 примероци, во чест на трикратната победа на Ford GT на Леман во 1966 година.
















