за

Hyundai за месец добил 60 претплатници на автомобил во Германија

Претплатата е новиот начин на користење автомобил, што се пробива на европската автомобилска сцена. Во ратата е вклучено буквално сé, освен гориво.

Hyundai за месец добил 60 претплатници на автомобил во Германија

Увозникот на Hyundai за Германија пред еден месец започна на своите корисници да им нуди можност да си обезбедат возило по пат на месечна претплата. Тоа е најфлексибилниот начин да се користи автомобил, без строги временски рамки и посебни обврски, корисникот плаќа додека возилото му е потребно.

Мрежата од 140 овластени трговци со автомобили од марката Hyundai во Германија пред нешто повеќе од еден месец стартуваше со т.н. авто-претплата. Посебноста на понудата е во тоа што корисникот не се обврзува дека возилото ќе го користи во точно одредена временска рамка. Единствен услов е тоа што откажувањето од возилото треба да се најави три месеци однапред.

Месечната рата вклучува сé, освен гориво, или евентуално трошок за струја, доколку станува збор за електирчно возило. Месечната рата за Hyundai i10 изнесува 190 евра. Авто-претплатата е најсовремена алтернатива на купувањето или лизингот на автомобил.

Hyundai е прва странска марка што почна со авто-претплата во Германија. Во мај, новата услуга ја започна и увозникот на корејската марка во Австрија. Партнер и во двете земји е ViveLaCar.

Германските дилери ги нудат сите модели на авто-претплата, од i10 и новиот i20, или i30 и моделите од СУВ-понудата, до Kona Elektro или Ioniq. Во мрежата моментно се обезбедени 170 возила, кои ќе бидат достапни за следните претплатници. Од потпишувањето на договорот за претплата по онлајн-пат, до седнувањето во возилото, може да мине и помалку од еден час.

Нема обврзувачки договори, возилото му припаѓа на дилерот, корисникот плаќа за користењето на автомобилот

Предноста во претплатата е во тоа што се избегнуваат обврзувачките и строги договори. Во ратата се вклучени апсолутно сите трошоци, дури и редовно сервисирање, осигурување и регистрација, до даноци за возилото и амортизација. Hyundai дополнително нуди и можност за пониска рата, доколку корисникот минува помала километража.

Како пример ја издвојуваме понудата за Hyundai i20 Active, со 1,0-литарски бензинец со 100 КС, со месечна рата од 207,90 евра. Оваа рата важи доколку месечно се минуваат до 200 километри. Во случај корисникот да минува до 800 километри месечно, тогаш ратата се качува соодветно на 293,90 евра. Возилото е регистрирано на 11.09 и досега има поминато 500 километри. Постои можност месечната километража да се избере според потребите, на пример да се плаќа пониска месечна рата во летните месеци, поради тоа што корисникот, на пример, практикува лете да вози велосипед. Конкретното возило се наоѓа во гратчето Хајлигенхаус. За истото да се испорача до живеалиштето на претплатникот, потребно е да се плати 199 евра.

>>> Секој четврти возач е заинтересиран за претплата на автомобил

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

lamborghini huracan sto najava

Lamborghini најавува екстремен Huracan

Toyota TS050 со шампионска титула заминува во пензија

Toyota TS050 со шампионска титула заминува во пензија