Honda го донесе најнапредниот автомобил со водороден погон во Европа

Honda Clarity Fuel Cell

Инженерите на Honda први успеаја целата погонска единица на водород да ја сместат под хауба. Тоа овозможува повеќе простор и комфор во кабината. Суштината сепак е во водородот како погонско гориво: Со 5 килограми хидроген, Honda Clarity Fuel Cell минува до 650 километри.

Конкурентите од Тојота Сити први стартуваа со сериско производство на автомобил со водороден погон, но затоа Корејците први го пуштија во јавноста својот ix35 Fuel Cell. На инженерите на Honda им преостана први да направат водороден автомобил што е регистриран за пет патници. Нивното достигнување сепак е исто толку значајно колку на Toyota или Hyundai.

Honda ги смали горивните ќелии на големина што дозволи целата погонска единица да се смести под хаубата. На тој начин, Јапонците ја исполнија целта нивниот автомобил со погон на водород да функционира и да се користи како обичен автомобил со мотор со внатрешно согорување.

Во Honda Clarity за првпат се користи таканаречен ламбда-челик

Горивните ќелии претходно беа вградени во средишниот тунел и одземаа простор во кабината. Сега и тие се под хаубата, заедно со електромоторот, менувачот и контролната електроника. Аеродинамиката и лесната конструкција се веќе одамна совладани дисциплини во Honda. Нејзините техничари сепак презедоа пионерска улога и во овие подрачја. Во Clarity Fuel Cell за првпат во светот се користи таканаречен ламбда-челик со висока отпорност на торзија, но лесна обработливост.

Honda Clarity Fuel Cell

Уделот на овој челик, на алуминиумот и композитите изнесува 55% што е речиси двојно повеќе отколку кај останатите лимузини на Honda. Тоа ја олеснува сировата каросерија за 15% во споредба со моделите со обичен погон. Од алуминиумски легури се изработени хаубата и задниот капак, предните крила и вратите. Водилките во подвозјето, исто така. За првпат во серија се користи и шуплива носечка рамка од алуминиум, во носот на Clarity.

Никој автомобил со нулта емисија на штетни материи нема поголем досег од Honda Clarity Fuel Cell

Суштината на автомобилот сепак е водородот. Clarity Fuel Cell минува 650 километри со едно полнење, најмногу што може да измине автомобил со нулта емисија на штетни материи. Модулот од горивни ќелии произведува 140 КС, што е за 4 КС повеќе од претходникот FCX. Има уште една иновација: Водородната Honda користи двостепен електричен турбокомпресор, кој го зголемува притисокот во доводот на водород. Тоа дополнително придонесе модулот од горивни ќелии да се смали. Покрај тоа, електромоторот работи под напон од 500 волти и за една третина е посилен од претходникот.

Honda Clarity Fuel Cell

Clarity Fuel Cell е дел од „електричната визија“ на Honda, чијашто цел е две третини од автомобилите што ќе се продаваат во Европа во 2025 година да бидат со електрифицирана погонска спрега. Мал возен парк со овој скапоцен автомобил ќе биде достапен само за демо-цели до 2022 година. Во специјализираните погони во Тошиги ќе се изработуваат возила соодветно на побарувачката. Honda Clarity Fuel Cell ќе се испорачува првенствено во Велика Британија и Данска во рамките на проектот HyFive.

Енергијата пристига од 358 горивни ќелии кои го снабдуваат електромоторот со 174 КС

Енергијата за електромоторот, за разлика од возилата со батериски погон, доаѓа од горивните ќелии во коишто се случува хемиска реакција, конкретно ладна фузија. Овие горивни ќелии се вкупно 358 на број и за 20% се потенки од претходните. Со подобрување на струењето на воздухот се овозможи и раст на моќноста на ќелиите за половина. Тоа, од друга страна, овозможи смалување на бројот на потребни ќелии за една третина.

Водородната Honda поседува и литиум-јонска батерија во погонската спрега. Таа е вградена под предните седишта и акумулира енергија за горивната ќелија, вклучувајќи и полнење при сопирање на возилото. Оваа енергија се користи како помош при подинамично забрзување и поаѓање.

Петте килограми хидроген се држат под притисок од 70 мегапаскали

Зафатнината на резервоарите за водород е намалена во споредба со претходникот FCX Clarity, благодарение на удвојувањето на притисокот од 35 на 70 Mpa. Вкупно 5 килограми водород служат како „резервоар“. Но, овие пет килограми се распоредени во два резервоара со вкупна зафатнина од 141 литри. Едниот од 117 литри е под багажникот, другиот е под задната клупа. Останува и простор за багаж: Скромни, но доволни 334 литри.

Honda Clarity Fuel Cell

Во комбинација со беспрекорната еколошка подносливост на погонот на водород – од издувот излегува чиста вода – одат врвен систем за пречистување на воздухот во кабината, еко и антиалергени материјали, врвна звучна изолација, соодветен стил. Патниците релаксирани од незагадувањето на животната средина можат да уживаат во врвен инфо-забавен систем, можност за интегрирање со паметни телефони, а за возачот не отсуствува и проекциски дисплеј. Мониторот што ја прикажува работата на погонот е редовна забава во „контра-нафтените“ автомобили.

Се мислело дури и на заштеда на течноста за миење на стаклата

Уште еден куриозитет за јапонската опседнатост со техниката. Со животната средина, исто така. Вештачка интелигенција, врз основа на веројатно милион параметри, пресметува колку точно течност треба да протече од прскалките вградени во бришачите. Целта е да се смали потрошувачката на течноста за миење. Бројките: За 80% подобрена видливост и за 50% намалена потрошувачка на течност.

[mks_accordion]
[mks_accordion_item title=”
Технички податоци Honda Clarity Fuel Cell“]
Погон Полимер-електролит горивна ќелија со синхронен мотор, електромотор со моќност од 130 kW (174 КС) при 4501-9028/min (max. 13000/min), вртежен момент 300 Nm при 0-3500/min, број на горивни ќелии 358, моќност на горивни ќелии 103 kW (140 КС), батерија за погонот Литиум-јон Пренос Едностепен пренос со фиксен преносен однос и Shift-by-Wire Подвозје Напред мекферсон, назад оска со повеќе водилки, хидрауличен сопирачки систем со вентилирани дискови напред, полни дискови назад, гуми со димензија 235/45 R18 94W, електрично сервоуправување со запчеста летва и 2,41 вртежи меѓу крајните положби, круг на вртење 11,7 m Димензии Д х Ш х В 4915 х 1875 х 1480 mm, меѓуоскино растојание 2750 mm Зафатнини Багажник 334 литри, резервоари 141 литри (117 и 27 литри, за околу 5 kg хидроген, притисок 70 Mpa) Перформанси Крајна брзина ограничена на 165 km/h, забрзување 0-100 km/h за 9,0 s, Досег 650 km
[/mks_accordion_item]
[/mks_accordion]

И повторно назад кај погонот. За контролната електроника да работи побрзо, за првпат во сериски автомобил се користат полупроводници со силикон-карбид, место обичен силикон. Фреквенцијата е четирипати повисока. Овој ум ја контролира работата на електромоторот со максимална моќност од 174 КС и вртежен момент од 300 њутнметри. Максималниот број на вртежи: 13.000 во мунута, рекорд за Honda. Јапонците сепак не ги забораваат спортските гени на марката. Возачот може да избере нормален и спортски режим на работа на погонската спрега.

Honda Clarity се нуди и во електрична верзија и како плагин-хибрид

Honda го претстави Clarity Fuel Cell уште на салонот во Токио во октомври 2015 година, како наследник на FCX Clarity, првата сериска верзија на автомобилот со погон на водород. Продажбата на домашниот пазар започна во март 2016, а од декември Clarity се продава и во Калифорнија. Во Европа ќе пристигнат само десет примероци, во рамките на проектот HyFive, кадешто возилата ќе им бидат отстапувани на користење на семејства и фирми во период од по два месеца. На тој начин Honda обезбедува податоци и искуства од реални услови на користење, коишто се корисни за натамошно усовршување на погонот.

Во светот работат 274 пумпи за точење водород

Во април Honda престави верзија на моделот со „батериски“ погон на салонот во Њујорк, како и верзија со плагин-хибриден погон. Дизел нема.

Honda Clarity Fuel Cell

Honda Clarity Fuel Cell

Honda Clarity Fuel Cell

Honda Clarity Fuel Cell

Honda Clarity Fuel Cell

Honda Clarity Fuel Cell

Honda Clarity Fuel Cell

Honda Clarity Fuel Cell

Honda Clarity Fuel Cell

Honda Clarity Fuel Cell

Honda Clarity Fuel Cell

Претходна објаваШефот на Opel преоѓа во Audi?
Следна објаваOpel доби нов шеф: Лошелер на местото на Нојман

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here