Хонда и Сузуки се придружија во ЦО2-пулот на Тесла, за да ги избегнат казните на ЕУ

Хонда и Сузуки им се придружија на Стелантис, Форд, Тојота, Мазда и Субару, во т.н. пул за емисија на ЦО2 на Тесла. Целта е просекот од емисијата на ЦО2 од сите продадени возила од сите марки во овој пул да биде под строгата граница што ја пропишува ЕУ. Главниот момент е тоа што Тесла има нулта емисија на ЦО2 и остава простор за други производители да „кешираат“ за високата емисија на ЦО2 на своите возила.

Интересот на Тесла е во тоа што им ја наплаќа услугата на производителите во пулот, коишто сепак имаат корист, оти во спротивно ќе мора да ѝ платат казни на ЕУ, што би ги чинело многу поскапо.

Во документот што Европската Комисија го објави во средината на март се потврдува дека ЕУ го одобрила овој пул што е концентриран околу производителот на електрични возила Тесла. Со друг таков пул, што исто така има добиено одобрение раководи Мерцедес-Бенц, на којшто му се придружуваат неколку марки на кинескиот Џили. Меѓу нив е Волво, со висок удел на електрични и хибридни автомобили во продажбата и просечна емисија на ЦО2 под лимитот на ЕУ, како и Полстар, што произведува единствено електрични автомобили и Смарт, којшто е заедничка компанија на Мерцедес и Џили, и исто така продава само ЕВ во Европа.

Сузуки во 2024 година се придружи на ЦО2-пулот на Волво.

Границата за ЦО2 на ЕУ за 2025 година е околу 15 проценти под вредноста за 2021 година. Експертите ценат дека производителите морааат да постигнат најмалку 20 проценти удел на ЕВ во вкупната продажба, за да останат под границата на ЕУ. Електричните возила во 2024 година сепак учествуваа со само 14 проценти во вкупната продажба во Европа.

Производителите чијашто просечна емисија од продадените возила што ќе ги надмине 95-те грами ЦО2 на километар, на завршетокот на годината ќе мора да платат казна во висина од 95 евра за секој грам над лимитот, за секој продаден автомобил. Тоа се милијарди евра.

Во почетокот на месецов, Европската Комисија излезе со предлог до производителите на автомобили, тие во следните две години да смеат да ја надминат границата за ЦО2, без да бидат казнети за тоа, но во 2027 година сепак ќе мора да надоместат за дозвоелното пречекорување и да постигнат вредност далеку под лимитот.

Двата главни пулови за емисија што се отворени, на Тесла и Мерцедес, беа договорени пред ЕУ да им даде уште две години „слобода“ на производителите. Експертите ценат дека продажбата на еден ЕВ надоместува за емисијата на три до четири продадени автомобили со бензински или дизел мотор, па оттаму и логиката за организирање на пуловите.

Производителите на ЕВ, како Тесла, можат преку пуловите да заработат милијарди од производителите што се соочуваат со потешкотии при зголемувањето на продажбата на своите електрични автомобили.

[the_ad id=”85764″]

Иако е сосем извесно дека производителите ќе добијат на располагање три години за да ги достигнат вредностите за ЦО2 што беа предвидени за 2025, договорите за пулинг сепак им се значајни. Директорите на Тојота кажуваат дека договорот со Тесла им дава флексибилност за следните три години.

Голем проблем може да биде опаѓањето на продажбата на Тесла, поради лошото влијание на политичките активности на Илон Маск, како и засилената конкуренција и освеженото моделско годиште на Модел Ипсилон, коешто ја запра продажбата на возилата што се на залиха. До февруари, продажбата во Европа годинава е 44 проценти во минус.

Доколку продажбата на Тесла опадне премногу, производителот од САД повеќе нема да биде во состојба да ја компензира високата емисија на ЦО2 на произволдителите што се надеваат на пул со Тесла. Тоа од друга страна ќе ги смали и приходите на компанијата од ЦО2-пулингот.

Претходна објаваНисан најави нови Микра, Лиф, Џук – сите до еден електрични
Следна објаваОпел Корса Електрик со подолг досег, сега минува 429 километри

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here