за

Мото Клубот Гардијан Енџелс најавува настан за безбедноста во сообраќајот

Гардијан Енџелс МЦ во следниот викенд во скопска Гази Баба ќе одржи настан посветен на безбедноста во сообраќајот, под мото Погледни двапати, Спаси Живот.

(Соопштение за јавност, Мото Клуб Гардијан Енџелс МЦ) Мото Клубот Гардијан Енџелс МЦ во соработка со Општински Црвен Крст – Гази Баба, Општината Гази Баба и други, во кругот на клубот и клупските простории на Гардијан Енџелс МЦ, на ден 13.04.2024 (сабота), по втор пат ќе организира показна вежба за справување со сообраќајни незгоди и прва помош при истите како дел од проектот „Погледни двапати, Спаси Живот“.

Организацијата е од отворен карактер и добредојдени се сите лица и мото клубови кои сакаат да присуствуваат на оваа едукативна вежба каде преку симулација ќе се прикаже правилно укажување прва помош при сообраќајна несреќа, на повреден моторџија!

Присутните на ваков начин преку практични примери ќе можат да ги подобрат или обноват своите познавања од сообраќајната култура. Показната Вежба ќе започне во 12.00 часот со времетраење од 1 час.

Во продолжение по завршувањето на вежбата, во 13 часот, ќе биде организирано Едукативно Предавање за Сообраќајна едукација на млади лица (од 14 години) и за сите оние кои сакаат да почнат да возат мотор, каде за малолетници ќе инсистираме да дојдат со своите родители, старатели, да видат со што се нивното дете или млад човек ќе се соочи на улиците во сообраќајниот хаос кој владее со години наназад.

Ова предавање ќе биде поддржано од лиценциран инструктор од Автошкола, кој од прва рака ќе ги запознае со сообраќајните правила, правила за движење по улици и правилата за управување за категориите А, А1, А2,М.

Секако не би било активност на нашиот клуб доколку не организираме и дружење 😊 за присутните во клупските простории по завршувањето на двете предавања со одлична музика и добро расположение.

Л и Р, Гардијан Енџелс МЦ Македонија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тојота на дилерите во Јапонија ќе им исплаќа поддршка за секој вработен

Ситроен ќе пушти малечко СУВ-купе во продажба во Индија и Јужна Америка