за ,

Great Wall ќе создава продажна мрежа низ цела Македонија

Great Wall Толту Моторс Штип Прима Инкасо

Кинескиот производител Great Wall носи важни новини на автомобилската сцена во Македонија, со отворањето на новиот центар во Штип. Како што најавува увозникот Толту Моторс, наскоро следат уште неколку центри во останатите региони. Тоа е подготовка за новите генерации модели што почнуваат да пристигаат веќе годинава.

Во новиот центар во близина на Штип започна со работа дилерот за возилата од кинескиот производител Great Wall за Источна Македонија, компанијата Прима Инкасо. Како што најавија од увозникот Толту Моторс, во иднина ќе бидат отворени уште неколку регионални центри за возилата на Great Wall.

Great Wall Толту Моторс Штип Прима Инкасо 4

Толту Моторс е добро позната компанија меѓу македонските возачи, којашто од ноември 2012 година ги увезува возилата од програмата на Great Wall. Монтажата на возилата се врши во Бугарија, во фабриката на Литекс Моторс во Ловеч. По нашите патишта обично можат да се сретнат пикапот Steed 5 и кросоверите Hover H5, односно Hover H6, како и градскиот автомобил Voleex.

Два важни новитети на Great Wall пристигаат веќе годинава

Два нови модела се придружуваат во понудата на Great Wall веќе во текот на годинава и во почетокот на 2019 година. Тоа се модели од подмарката Haval, којашто е специјализирана за кросовери. Компактниот кросовер Haval H2 и поголемиот модел Haval H6 практично ќе го означат дебито на „теренската“ подмарка на Great Wall на нашиот пазар. Прв со продажба стартува H2, заедно со новата генерација на пикапот Steed 6. Новите модели беа прикажани премиерно во Софија, на салонот за автомобили во октомври.

Очигледно е дека во Great Wall, односно во марката за кросовери Haval, не ги пропуштиле последните трендови. Компактниот Haval H2 наскоро пристига и во Македонија

haval h2_2

Сашо Трпковски, првиот човек на Толту Моторс, говореше на отворањето на новиот центар: „ Ние во Great Wall сме посебно горди со својот нов бренд Haval. Компанијата продолжува со проширувањето надвор од Кина, главно со аспирации за поцврсто присуство во Европа и САД. Минатата година брендот имаше реализација од 860.000 SUV единици, што го направија поуспешен од брендови како Ford и Hyundai. Ако на овој бренд му верува светот, зошто не и нашите купувачи во целата држава, па и овде во Штип.“

[tie_slideshow]

[tie_slide]

haval h2_1

Haval H2

Основни технички податоци: Бензински мотор од 1,5 литар со турбонатполнење и интеркулер, моќност 143 КС при 5600/min, вртежен момент 210 Nm при 2200-4500/min, мануелен менувач со шест степени, верзии со погон напред и со погон на сите тркала (само напред во верзија со 6-степен автоматски менувач), должина х ширина х висина 4335 х 1814 х 1695 mm, меѓусокино растојание 2560 mm; Цена во Бугарија 34.990 лева

[/tie_slide]

[tie_slide]

haval h6_1

Haval H6

Основни технички податоци: Бензински мотор од 2,0 литри со директно впрскување, турбонатполнење и интеркулер, моќност 190 КС при 5200/min, вртежен момент 315 Nm при 2000-3600/min, седумстепен автоматски менувач со двојна спојка (Getrag) или 6-степен мануелен менувач, верзии со погон напред и со интелигентен погон на сите тркала (Borg Warner), должина х ширина х висина 4549 х 1835 х 1700 mm, меѓусокино растојание 2720 mm

[/tie_slide]

[tie_slide]

great-wall-steed-6

Great Wall Steed 6

Основни технички податоци: Бензински мотор од 2,4 литри, моќност 122 КС, вртежен момент 200 Nm при 2500-3000/min, мануелен менувач со пет степени, погон на сите тркала, должина х ширина х висина 5345 х 1800 х 1760 mm, меѓусокино растојание 3200 mm, товарна платформа 1545 х 1460 х 480 mm, носивост 950 kg; Цена во Бугарија 39.990 лева
[/tie_slide]

[tie_slide]

haval h6 sofija avto salon

Haval H6 имаше премиера на авто-салонот во Бугарија во октомври

[/tie_slide]

[tie_slide]

Great Wall Толту Моторс Штип Прима Инкасо 3

[/tie_slide]

[tie_slide]

Great Wall Толту Моторс Штип Прима Инкасо 2

[/tie_slide]

[/tie_slideshow]

Очекувањата од Толту Моторс се дека центарот во Штип ќе придонесе Great Wall да се приближи до клиентите во регионот, кои ќе можат да се уверат во тоа што го нудат возилата. Кире Монев, директор на Прима Инкасо, коментираше на свеченоста: „Посебно сме задоволни од подадената рака на Толту и ние да станеме дел од големото семејство на кинескиот производител, чија доверба секако нема да ја загубиме, туку со времето ќе ја надградуваме. Имаме уште многу заедно да создаваме, а тоа ќе го покаже времето.“ Центарот располага со изложбен салон со површина од 400 метри квадратни и се наоѓа во близина на Штип.

Great Wall Motors со нови модели на македонскиот пазар

Тест • Great Wall Steed 5 2.4i One

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дизел скандал и во BMW: Сервисен повик за 11.000 возила

Новини од Мотоцентар: Овие гуми се „GT“ за терен