Кинескиот автомобилски концерн Great Wall Motor (GWM), планира фабрика во Европа и во моментов е во потрага по локација. „Засега анализираме каде и зошто искусните азиски производители ги имаат изградено своите фабрики во Европа. Сојузните држави во источна Германија доаѓаат предвид“, изјави Шангџун Менг, претседател на Great Wall Motor во Европа.
„Таму имаме поволни трошоци за персонал и за енергија. Останатите фактори, што се решавачки за нас, се пазарниот волумен и добавувачите во регионот“, објаснува Менг во интервју за германските медиуми.
Како алтернативни решенија доаѓаат предвид Унгарија или Чешка. Уште е под знак нрашање, дали Great Wall ќе гради нова фабрика или ќе преземе постоечка фабрика. Менаџерите кажуваат дека имаат добиено неколку понуди за купување на локации, на коишто производителите претходно планирале да организираат производство.
Автомобилите на Great Wall Motor доаѓаат од Кина. Од почетокот на годинава, на германскиот пазар се достапни електричните автомобили од марката Ora. Оттогаш се продадени само 268 возила. Great Wall Motor е приватна компанија и не е под притисок од кинеските власти. Поради тоа, во концернот владее поголема слобода отколку кај останатите кинески производители.
Планот на GWM е во подолг рок да создаде силни марки и посебно се внимава на заштитата на животната средина, на одржливоста и на задоволството на клиентите. Во Германија во моментов има 150 дилери на GWM.
Great Wall ќе ја произведува новата генерација модели на Mini во Кина
$GWLLF + BMW = Mini EV
Electric Minis – a hatchback and small SUV – will start their production in China through our partnership with Great Wall https://t.co/wnZT5tLp9g— Björn Sickel (@TAktionare) October 16, 2022
Македонскиот увозник на Great Wall, со марките Haval и Poer (пикапи), од почетокот на минатиот месец работи во нов објект на магистралниот пат за Блаце, веднаш по станицата за гориво на Макпетрол.