Кинески Gotion најавува револуција во батериите за електрични автомобили

Еден од водечките производители на батерии од Кина откри дека развил технологија со којашто се постигнува батериите за електрични возила да бидат и поевтини и помоќни.

Gotion неодамна објави дека равил батерија литиум-железо-манган-фосфат, кусо LFMP, за којашто ветува дека на електричните возила ќе им овозможи досег од преку 1.000 километри со едно полнење.

Батерии што постигнуваат толкав досег постојат, меѓу станува збор за скапи никел-кобалт батерии.

„Тоа е напредок и голем скок во поглед на енергетската густина,“ изјави извршниот директор на огранокот на Gotion за светскиот пазар, Ченг Шиан.

Достигнувањето на Gotion се состои во тоа што на постоечкиот хемиски состав од литиум-железо-фосфат, што веќе е понуден на пазарот и прифатен е од најголемите производители на електрични автомобили, од BYD до Tesla, се додава манган. Со таа технологија се овозможи смалување на цената кај некои модели.

Подобрувањата во хемискиот пакет LFP овозможија да се постигне повисока моќност од помали батерии и поради тоа производителите се заинтересираа за овие батерии. Во принцип, оваа технологија е поевтина за производство.

Според Ченг, батериите LFP со своите 190 Wh/kg речиси го достигнаа максимумот што може да се постигне. Но, новата батерија на Gotion може и повеќе од тоа, со 240 Wh/kg.

Тоа значи дека батеријата може да акумулира повеќе енергија во секоја батериска ќелија, што понатаму води до намалување и на тежината и на големината на целата батерија.

Со оваа иновација се укажува дека батериската технологија и потребата од суровини уште се наоѓаат во развој. Тешко е да се предвиди што ќе се случува понатаму, додека светските производители на автомобили се во потрага по технологија што ќе им ги преполови трошоците и во исто време ќе им овозможи подобри перформанси. Следно што се докажува е дека кинеските компании и натаму се први во развојот на новите технологии.

Gotion нотира на берзата во Шенжен, а најголем акционер е Volkswagen Group. Компанијата очекува дека со батериите LMFP ќе постигне цена пониска за 5 проценти во споредба со обичните батерии LFP.

Новите батерии ќе бидат за 20 до 25 проценти поевтини од батериите со никел-кобалт

Хемискиот пакет LMFP може да ги замени никел-кобалтните ќелии „со истите перформанси, но со пониски трошоци и зголемена безбедност“, посочува Ченг.

„Ценам дека тоа е мошне привлечно за производителите на автомобили и морам да признаам дека голем број компании ќе го следат овој тренд.“

Технологијата LMFP не е нова, но тие ќелии досега не се користеа во батериите за електрични автомобили, поради нивната слаба енергетска густина или поради ниската спроводливост при висока температура. Во својата батерија што ја водат под името Astroinno, Gotion велат дека успеале да ги надминат тие технички предизвици.

Ќелиите на Gotion со додаден манган „ќе бидат одлична можност да им се конкурира на батериите со хемија NCM, чијашто енергетска густина не можат да ја постигнат батериите LFP“, открива Викторија Хагил, аналитичарка за развојот на батерии во консултантската куќа Rho Motion, којашто е со седиште во Лондон.

Батериите LMFP би можеле да достигнат удел од 6 проценти од пазарот во 2040 година, престигнувакќи ги останатите технологии што се развиваат со голем напредок, како што се батериите со натриум-јон, кажува Хагил.

[the_ad id=”73735″]

Astroinno би можеле да стартуваат со масовно производство веќе во вториот квартал в година, според Ченг. Поминати се безбедносните тестови. Батериите LMFP ќе се произведуваат во две фабрики во кинеската провинција Анхуеj.

Gotion го зголемуваат своето присуство на светската сцена, почнувајќи од планот за изградба на фабрика за батерии во Мичиген, до издавањето глобални депозитарни обврзници, што се случи лани во Швајцарија. Тие лани беа осми најголем производител на батерии во светот, според SNE Research.

Astroinno им се придружува на останатите големи иновации во батериите, што кинеските компании ги постигнаа во изминатите години. Во 2020 година, BYD стартуваше со својата батерија Blade – станува збор за батерија LFP со смалени димензии и подобрена енергетска густина. Contemporary Amperex Technology Co. Ltd. (CATL) развива батерија во т.н. згусната состојба.

Меѓу предностите се вбројуваат можноста за брзо полнење, што би траело околу четвртина час, кажува Ченг.

„Може да испиете кафе или да се одморите на станицата за полнење, додека батеријата се наполни од 10 до 80 проценти за време од 18 минути“, порачува директорот.

Претходна објаваВо само 333 примероци: Golf R за богати колекционери
Следна објаваToyota додава уште еден автомобил со погон на водород во понудата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here