Volkswagen напредува добро со електричните модели, но не ги запоставува своите класични вештини. Golf R 333 е специјален модел што ќе се изработи во 333 примероци. Исто како стандардниот Golf R Performance и веќе одамна распродаденото издание „20 Years“, новиот специјалец има 333 КС под хаубата.
Цената е главниот перформанс на овој Golf. Тој чини 76.410 евра или 229,5 евра за секоја негова коњска сила. Тоа значи дека има 333 КС и значи дека ќе се произведе во само толкав обем. Цената е „непроменлива“, односно кај Golf R 333 не се нуди можност за избор на опции. Ова е единствената конфигурација.
Доколку Golf R Performance се доопреми со истите ставки што R 333 ги поседува како стандард, тој ќе чини само неколку стотини евра помалку. Нарачките почнуваат точно на 2-ри јуни. Испраките ќе следат од септември.
Бидејќи серијата е ограничена, мал е бројот и на дилерите што примаат нарачки за R 333. Дури и уште е „постегнато“, затоа што секој од избраните дилери, има на располагање само по еден Golf R 333 .
За избран круг купувачи, во октомври ќе биде организиран посебен настан за предавање на возилата, во Аутоштат, во автомобилскиот „дизниленд“ во Волфсбург. Секое од 333-те возила се испорачува со посебна кутија за клуч и со сертификат за оригиналност.
Каросерија лакирана во жолта боја како лимон досега не стоела на располагање за Golf R
За каросеријата нема отстапка, Golf R 333 се лакира само во лимон-жолта металик боја. Заради контраст, покривот е црн, а пакетот со црни каросериски додатоци е стандард. Покрај црните капи на ретровизорите, во пакетот спаѓаат и црни тркала од 19 инчи, од типот Есторил, со семи-слик гуми Bridgestone Potenza Race.
Сините сопирачки клешти се одлика за секој Golf R, меѓутоа 333 поседува и поклопци во средиштето што самостојно се исправуваат. Тоа што треба да се доплати кај останатите, тука е вклучено во цената.
Над праговите е поставена сјајно црна фолија со лого 333. Од Golf R за дваесетгодишнината доаѓа синото лого R. Затемнети задни стакла и матрични диодни светла напред го заокружуваат богатото ниво на моделот. Познавачите нема да пропуштат да ги забележат титанските издувни цевки, што се веродостојна завршница за издувот од Akrapovic. Кај останатите R, за тоа треба да се доплати повеќе од 4.000 евра.
Внатре продолжува ексклузивниот третман. Тука владее единствен принцип. Сé што е скапо и убаво, вградено е во 333. Тоа опфаќа и аудио систем Harman-Kardon, полуавтопилот IQ.Drive, камера, врвна навигација Discover Pro, спортски седишта обложени со напа и со сино лого R.
Пред совозачкото седиште е поставена плочка со одделниот сериски број на секој примерок од Golf R 333.
View this post on Instagram
Под хаубата работи дволитарски TSI од типот EA 888 Evo 4. Тоа значи моќност од 333 КС и вртежен момент од 420 Nm. Преносот на сила е преку седумстепен менувач DSG, погонот на сите тркала одамна е стандард.
Спринтот трае 4,6 секунди, крајната брзина изнесува 270 km/h, благодарение на стандардниот пакет R-Performance. За разлика од Golf R 20 Years, тука нема „вештачки“ прекини во влечната сила при промена на степените, туку пак сé си функционира мазно.