Германците масовно преоѓаат на електричен автомобил по конфликтот на Средниот Исток

Бројот на германски возачки и возачи што се префрлуваат на електрични автомобили е пооголем од кога било досега, поради поскапувањето на горивата што следеше откако САД и Израел го нападнаа Иран.

Кинеските марки со електрични возила, вклучувајќи го Липмотор, наидуваат на зголемена побарувачка во Германија. Лимотор од летово се продава и во Македонија.

Рекордни 12 проценти од возачките и возачите во Германија ги замениле своите автомобили со мотор со внатрешно согорување со електрични автомобили, во текот на второто тромесечје, покажа студијата на осигурителната компанија ХУК Кобург, објавена на 11-ти август.

Тоа е двојно повисок удел во споредба со јануари и февруари, а постојат и јазни докази дека војната на Средниот Исток е клучен причинител за зголемeната побарувачка, соопштуваат од угледната германска компанија.

Преоѓањето на електрични автомобили е помасовно кај возачите што минуваат повеќе пат, преку 12.000 километри во годината. Тоа важи и за пазарот на нови и на користени автомобили. Близу четвртина од возачите кажале дека првпат даваат предимство на електричните автомобили при купувањето возило, поради повисоките цени на горивата.

Откако САД и Израел го нападнаа Иран кон завршетокот на февруари, цените на бензинот и дизелот во Германија надминаа 2 евра за литар, првпат по 2022 година.

Новата програма на Германија за субвенционирање на електричните возила нуди олеснување при купувањето и лизингот за возила со нулта емисија на штетни материи. Тоа ги поттикна возачите да ги заменат своите возила со мотор со внатрешно согорување со електрични автимобили, достигнувајќи рекорден удел во првото тромесечје, покажува студијата на ХУК Кобург.

Германците повеќе купуваат електрични автомобили отколку дизели и бензинци

Резултатите во студијата на осигурителната компанија соодветствуваат со зголемената побарувачка за електрични возила во Европа. Во јуни, новите елеткрични возила придоенсоа за најголем раст во вкупниот број на новорегистрирани возила од завршетокот на 2023 година наваму.

Тојота Ц-ХР+ · Тест · Тојота задоцнила со електричните автомобили?

Претходна објаваЏагјуар преку внатрешноста најавува дека Тајп 01 ќе биде различен автомобил
Следна објаваФерари го дава првиот примерок од Луче на наддавање, очекува над милион

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here