Ферари го дава првиот примерок од Луче на наддавање, очекува над милион

Електричниот Ферари Луче со број на шасија 0 и со посебен дизајн ќе се најде на наддавање во Монтереј, САД. Се очекуваат над милион долари, двојно повеќе од серискиот модел.

Ферари кон завршетокот на мај 2026 го прикажа својот прв електричен модел и предизвика спротивставени ставови на автомобилската сцена. И покрај острите критики на поклониците на марката, Фајненшел Тајмс објави дека моделот веќе е распродаден за годинава.

Во исто време со почетокот на сериското производство на Луче во Маранело, наддавачката куќа РМ Сотби на 15-ти август ќе го даде на наддавање примерокот со „Шасија 0“ за време на Автомобилската недела во Монтереј. Средствата од продажбата ќе бидат наменети за фондацијата на Ферари, за поддршка на образованието.

Предвидените 500 примероци за годинава веќе имаат купувачи

Откако Луче се појави на сцената, се разви жестока дебата, посебно меѓу традиционалистите на марката. Но, бројките од продажбата покажаа друга слика. Како што објави Фајненшел Тајмс по само два месеци од премиерата, предвидените 500 примероци за годинава, веќе се продадени.

Посебно е голем интересот во Кина, каде што веќе се направени преку 500 нарачки за возилото. Првичниот континтент од 88 возила за најголемиот пазар во светот, бил исцрпен по само 72 часови од почетокот на нарачките. Различно од очекувањата, електричниот Ферари наиде на одлична прифатеност и на пазарите во Северна Америка.

Почнува од 550.000 евра и носи нов круг купувачи на Ферари

Маранело планира до 2030 година да продаде околу 2.500 примероци од Луче, што значи дека просечно ќе произведува по 600 возила годишно, а тоа одговара на околу 5 проценти од вкупната продажба.

Со цената од 550.000 евра, без данок, односно со 560.000 долари во САД, Луче е меѓу најскапите модели што ги нуди Ферари. Маранело го гледа моделот како проект, за да ги прикаже своите способности за развој на технологија и да привлече нова генерација богати купувачи.

Луче скршнува од традиционалното и во поглед на дизајнот и материјалите

Единствениот примерок од Луче што ќе биде даден на наддавање на 15-ти август, дело е на мајсторите од огранокот за посебни желби „Тејлор Мејд“. Белата нестандардна каросерија и црните детали потсеќаат на производите на Епл од времето на поранешниот главен дизајнер Џонатан Џони Ајв. Неговата фирма Лав Фром го дизајнеираше првиот електричен Ферари. Тоа е двојно скршнување од традицијата, затоа што Ферари низ целата своја историја возеле со мотор со внатрешно согорување и со каросерија дизајнирана од Пининфарина. Имало отстапки од последново, како на пример со Дино 308, што беше дизајн на Бертоне.

Единствениот примерок „Шасија 0“ се цени на 1,1 милион долари

Каросеријата на единствената изработка на Луче е лакирана во ексклузивна боја Мадреперла Семи Глос, што е развиена посебно за овој примерок. Додаден е пигмент што предизвикува посебни рефлексии и зависно од аголот на светлината, оддава нијанси на зелена и виолетова боја. Лакот е полусјаен и со тоа се нагласува бисерниот ефект, постигнувајќи рамнотежа меѓу сјајна и мат површина.

Внатрешноста исто така е светла, со кожа Ле Ман Металик во боја на бисер. Кожата предизвикува рефлексии и во кабината. Повеќе детали во кабината се лакирани во сива, место во црна боја.

Сите средства од продажбата одат во Фондацијата Ферари

Посебни се и тркалата, сопирачките клешти и логото на Ферари што е поставено на бела основа. Возилото е прво што е излезено од погоните во Маранело, со „Шасија 0“. Тоа е поткрепено со посебна плочка во кабината.

Ферари Луче: Тука не е туѓ само електричниот погон, туку и изгледот

Претходна објаваГерманците масовно преоѓаат на електричен автомобил по конфликтот на Средниот Исток
Следна објаваПорше не планира да развива наследник на Тајкан

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here