за

Кинески Geely купи акции во Aston Martin

Автомобилското царство на кинескиот мултимилијардер Ли Шуфу, сопственик на Geely, отсега вклучува и 7,6 проценти удел во акциите на Aston Martin.

Расте уделот на автомобилската империја на Ли Шуфу и на неговата компанија Geely во светското производство на автомобили. Во портфолиото на моќни марки на кинескиот мултимилијардер спаѓаат уште Volvo и Lotus Cars, а има удел и во акциите на Mercedes-Benz.

Извршниот директор на Geely Group, Донгуи Ли, изјави: „Се радуваме што ќе ги истражуваме можностите за ангажирање и соработка со Aston Martin, којшто продолжува да ја спроведува својата стратегија за да постигне долгорочен, одржлив раст, и да ја зголеми профитабилноста.“

Од Geely не наведуваат колкава е висината на трансакцијата. Раководејќи се според конечната цена на акциите на 28-ми септември, уделот се проценува на 7,55 милијарди фунти, што одговара на 8,62 милијарди евра.

Aston Martin исто така излегоа со соопштение, во коешто се наведува дека капиталот е зголемен за 654 милиони фунти, со цел да се намали долгот и да се вложува во нови модели.

Geely уште претходно покажа интерес за купување удел во Aston Martin, меѓутоа преговорите со британската компанија беа неуспешни.

Претходно беше објавено дека Geely е заинтересиран во моделите на Aston Martin да ја користи технологиојата на Lotus.

Веста за Geely во 2020 година

Кинескиот Geely се токми за учество во Aston Martin

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Двата нови модели ќе му донесат на Mitsubishi продажба како во 2019

Каскадерски Aston Martin DB5 продаден за 2,9 мил. фунти за јубилејот на Џејмс Бонд