Фокскон е гигант во производството по нарачка, почнувајќи од Ајфоните на Епл, преку компјутерите на Дел и печатарите на Хјулит-Пакард, до Сони Плејстејшн.
Тајванската компанија бара партнери, со коишто планира да влезе во производство на електрични автомобили по налог и во преговори е со корпорацијата Нисан Мотор.
Фокскон повторно изненади и сега најавува силен пробив во производството на батерии за електрични автомобили. Првата гигафабрика веќе започна да произведува батериски ќелии и модули, коишто ќе се користат во електричните автомобили на компанијата, исто како и за серверите во компјутерските центри, секако и тие од сопствено производство.
Стратегијата почна да се преточува на дело во угледната фабрика што почна со работа во март и низ неа во моментов зујат роботи што изработуваат батерии ЛФП, односно батерии литиум-железо-фосфат. Продукцијата во моментов е мала, но тоа е само почеток.
Фокскон тврди дека може својата верига од добавувачи да ја воспостави буквално по цел свет, за локално да ги снабдува производителите на автомобили. Доколку успее планот на претседателот Јунг Лиу, Фокскон може да прерасне во нов тежок играч од Азија, придружувајќи им се на кинескиот КАТЛ, јужнорејскиот ЛГ и јапонскиот Панасоник.
„Тука им докажуваме на клиентите дека можеме да произведуваме со ограничен капацитет. Но, ние можеме каде било да го копираме ова и да ја зголемиме продукцијата,“ кажа Трој Ву, потпретседател за стратегија за батерии, при турата што на 7-ми ноември беше организирана во центарот за батерии на групацијата во Каосиунг, Тајван. „Нашата мисија е да соработуваме со партнери во други региони, за да ги поддржиме енергетските политики на останатите земји.“
Новата гигафабрика на Фокскон во јужен Тајван започна со капацитет од 0,5 гигаватчасови батерии со хемија литиум-железо-фосфат. Следното скалило е 1,2 гигаватчасови во 2026 година, вклучувајќи батерии за автобуси, патнички автомобили и за стационарно складирање енергија.
Фокскон располагаат со локации во САД, каде што можат да ја копираат тајванската фабрика, доколку се јави побарувачка, кажа Ву.
„Размислуваме за тоа, но владината политика се менува мошне брзо,“ наведува тој. „Фокскон би сакал да игра мошне важна улога во секторот на батериите и енергетиката во иднина.“

Новата фабрика на Фокскон произведува батерии за автомобили, автобуси и стационално складирање енергија
Хон Хаи Пресижн Индастри Ко., како што гласи официјалното име на компанијата, им придава централно значење на батериите во новиот план за раст што беше објавен на 21-ви ноември.
Фабриката вредна околу 200 милиони долари почнува со капацитет за 0,5 гигаватчас годишно, со план капацитетот в година да се зголеми на 1,2 гигаватчас.
Денешниот капацитет е доволен за околу 1.500 електрични автобуси, но в година може да достигне продукција за 3.000 автобуси. Првиот производ е батериска ќелија од 230 амперчасови, што главно е наменета за батерии за стопански возила и прво ќе се вградува во градски автобус што се произведува во Тајван.
В година почнува прозиводство на помала батериска ќелија од 120 амперчасови, што ќе биде наменета за батерии за автомобили, исто како и ќелија од 320 амперчасови за стационарни системи.
Ју Секи, главниот стратег на Фокскон за електрични возила, најави дека тајванската компанија уште годинава ќе започне да испорачува електрични возила во САД.
Тајванскиот производител на Ајфон планира да понуди шест модели на електрични автомобили
Фокскон и јапонскиот Мицубиши Фусо во август објавија дека ќе соработуваат во развој, производство и продажба на електрични автобуси базирани врз Модел Т и Модел У на Фокскон. Автобусот врз база на Модел Т веќе сообраќа во јавниот превоз во Тајван.
Модел Т и Модел У се конструирани од Фокстрон, заеднички огранок на Фокскон и на тајванскиот производител на автомобили Јулон Мотор.
Ву кажа дека во моментов нема клиенти за батерии за патнички автомобили. Компанијата сепак може да произведе голема количина батерии, доколку се најде клиент.

Фокскон го хомологира елекричниот Модел Ц за Северна Америка
Јун Секи, ветеран од Нисан кој го води бизнисот на Фокскон со електрични возила, кажа дека компанијата има развиено разновидна понуда од модели, од кросовер од средна класа Модел Ц, преку спортски кросовер од компакт класа Модел Ц и семеен ван Модел Д, до спортска лимузина од средна класа Модел Е и компактен ван Модел А, сите со електричен погон.
Секи соопшти дека е потпишан договор со клиент во САД за Модел Ц и дека моделот ќе почне да се продава таму уште во текот на годинава. Модел Ц веќе се продава во Тајван.
Во втората половина од 2026 година треба да почне извоз на компактен кросовер, што ќе се произведува во Тајван по нарачка на Мицубиши и во почетокот ќе се продава во Австралија и Нов Зеланд.
















