Форд ќе се спасува со тоа што Рено ќе му ги произведува автомобилите

Форд не може сам да развива и да произведува нови електрични модели за Европа, каде што пазарот на ЕВ повторно расте и затоа бара спас во Рено.

Форд не се прослави со електричниот Мустанг, во време кога Тесла продаваше шампионски

Форд „драматично“ ќе ги скуси трошоците за електрични возила во Европа, со помош на партнерството со Рено, во коешто ќе се произведуваат два малечки модели, изјави извршниот директор на Форд, Џим Фарли.

Форд ја заврши минатата година со загуба од 8,2 милијарди долари, откако во последниот квартал отпиша 15,5 милијарди долари како неповратни трошоци, што во најголем дел произлегоа поради утнатата стратегија со електричните возила на производителот од САД.

Компанијата загуби милијарди во развој и попусти за продажба на електричните модели од т.н. „Ген 1“, вклучувајќи ги Мустанг Мах-Е и Пума Ген Е. Како последица од тоа, Форд мора да бара помош кај конкурентските производители во Европа.

Одлуката за развојот и производството на нови електрични возила од понискит класи да му се препушти на Рено има за цел „драматично да се скусат нашите трошоци и да се зголеми профитабилноста на нашиот бизнис во Европа,“ изјави Фарли при објавувањето на финансиските резултати од 2025 година.

Форд ќе учествува едиснтвено во дизјанирањето и во нагодувањето на подвозјето на двата малечки модели, од коишто првиот треба да се појави во продажба дури во 2028 година.

Големата загуба по отпишувањето на трошоците во САД главно е предизвикана од откажувањето на производството на електричниот пикап Форд Ф-150 Лајтнинг, како и на откажувањето на електричниот СУВ со три реда седишта и други трошоци.

Форд Пума доби силна конуренција со новите Ситроен Ц3 Еркрос и Опел Фронтера

Форд понатаму ќе им се посвети на УЕВ, универзални електрични возила врз заедничка плаформа, со прв модел што треба да се појави во 2027 година.

„Се обложуваме на УЕВ,“ вели Фарли. „Тесла покажа дека можеме да заработуваме на пазарот дури и без субвенциите од владата.“ Првиот модел ќе биде пикап и ќе чини меѓу 30 и 35 илјади долари.

Растечкиот пазар на БЕВ во Европа ја намали загубата на Форд

Во Европа, Форд во моментов ја нуди Пума Ген Е, електричен СУВ базиран врз обичната Пума. Со техниката од Фолксваген, Форд во фабриката во Келн ги произведува Есплорер и Капри.

Присуството на Форд во Европа во моментов се одржува главно благодарение на доставните возила.

Претходна објаваВнукот на Џани Ањели, Џон Елкан, нема да се извлече со општокорисна работа за даночната измама
Следна објаваВолфсбург произведе 49 милиони автомобили, прва беше Бубата во 1945 година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here