за

Ford ќе го произведува Mustang Mach-E и во Кина

Ford најави дека локално ќе го произведува електричниот СУВ за кинескиот пазар.

ford mustang mach e

Ford сака повеќе да искористи од продажниот бум на електричните автомобили во Кина. Заради подобро услужување на кинескиот автомобилски пазар, кој носи одлични заработки, американскиот производител најави дека електричниот СУВмодел Mustang Mach-E во иднина ќе го произведува локално. Гигантот од Дирборн во Кина има заедничка инвестиција со Changan Automobile, кои ќе бидат задолжени за локалното производство.

Производството на Mach-E ќе стартува подоцна годинава. Во Кина ќе се произведува и изведбата со посилен погон Mach-E GT. Со овој стратешки чекор, Ford им се придружува на останатите автомобилски производители од западот, што во Кина применуваат агресивна продажна кампања, особено за скапите возила од премиум сегментот. Меѓу нив, најмногу предничат Tesla и Daimler.

Клиентите во Кина можат уште сега да го купат Mustang Mach-E, меѓутоа автомобилот е од увоз и подлежи на дополнителни давачки кон државата. Локалното производство ќе ѝ овозможи на американската компанија да добие подиректен пристап на пазарот. Ford во соработка со Changan моментно го произведува Lincoln Corsair. Покрај тоа се увезуваат уште голем број модели на Lincoln и Ford.

>>> Десет работи што Ford сака светот да ги знае за Mustang Mach-E

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mb trac mercedes трактори

Mercedes произведуваше и трактори, над 30.000 уште се во редовна примена

Лондон собрал 130 мио £ од казни за неплаќање влез во градот

Лондон собрал 130 мио. £ од казни за неплаќање влез во градот