Казната за неплаќање на т.н. такса за правење метеж изнесува 160 фунти, односно половина од сумата, доколку казната се плати во рок од две седмици. Лондон за овој прекршок изрекол вкупно 817.000 казни лани.
Најголемиот дел од казните биле изречени во втората половина од годината, откако таксата за правење метеж била зголемена од 11,50 на 15 фунти, во периодот од 7 часот наутро до 10 часот навечер. Од јули, важноста на наплатата на таксата била проширена на целата недела, место на пет работни денови.
Градот во истиот период наплатил 52 милиони фунти од редовно подмирена такса за пристап до зоната на ограничен сообраќај. Тоа значи дека наплатата на казни е речиси трипати повисока, отколку редоцната наплата на таксата.
Возачите што ќе пристапат во зоната со ограничен сообраќај, којашто покрива мал дел од централниот дел на Лондон, имаат рок од три денови да ја платат таксата. Електричните возила се ослободени од плаќање, исто како и приклучните хибриди со емисија на СО2 под 75g/km и со досег од најмалку 20 милји, односно триесетина километри.
На возачите на автомобил со бензински мотор со норма под Euro 4 или со дизел мотор под Euro 6 им се наплаќа такса во висина од 12,50 фунти дневно, за да пристапат во зоната за возила со ултраниска емисија на штетни материи. Оваа зона се совпаѓа со зоната со ограничен сообраќај, во иднина зоната ќе се прошири и во делот на северната и јужната обиколница.