за

Ford месечно продава близу 4.000 примероци од електричниот Mustang Mach-E

Во првиот полн месец на Ford Mustang Mach-E се продадени близу 4.000 примероци од електричниот кросовер во САД. Одат и хибридните пикапи.

Ford продаде рекорден број возила со електромотор во погонот во февруари на пазарот во САД. Гамата што моментно се состои од Mustang Mach-E, од пикапот Ford F-150 Hybrid и од СУВ-моделите Escape и Explorer, во минатиот месец се продала во 9.267 примероци. Тоа се 56,1% повеќе од истиот месец лани.

Во првиот полн месец на Ford Mustang Mach-E на пазарот, во февруари, американските возачки и возачи купиле 3.739 примероци од чисто електричниот автомобил. Два од три купувачи на Mach-E се нови во Ford и доаѓаат од конкурентските марки. На Калифорнија отпаѓа една петина од вкупната продажба.

Иако средишниот дел од државата се соочуваше со најсурова зима, продажбата на серијата пикапи F, којашто е столб на Ford на големиот пазар, забележа раст. Тоа се должи на комплетно новиот F-150 и на неговата варијанта со хибриден погон F-150. Оваа моделска серија во минатиот месец се продала во 64.478 примероци, далеку повеќе од Explorer (20.745 примероци).

ford mustang mach e

Продажбата на хибридниот F-150 во февруари била повисока за 40% во споредба со јануари. Можноста за пикапот да се користи како генератор на струја се покажа добредојдена за жителите на Тексас, каде што студовите предизвикаа проблеми во снабдувањето со електрична енергија.

СУВ-гамата постигнала највисока продажба во измиантиве 20 години, благодарение на Bronco Sport, но и на Mustang Mach-E. Дилерските плацеви со Bronco Sport се празнат во просек за 13 денови, односно за четири денови за Mach-E. Продажбата на двата модели пораснала за 11,8 проценти.

Ford Bronco

Опдлично напредувал и луксузниот Lincoln Navigator, со најдобра продажба во последните 14 години и вкупно 1.715 продадени примероци во февруари.

Вкупно во земјата, Ford продал 163.520 возила во минатиот месец, од кои 88.787 се пикапи, 66.217 се СУВ-модели и 8.516 се патнички автомобили. Продажбата е за 14,1% под ланскиот резултат за февруари.

>>> Ford ќе го произведува Mustang Mach-E и во Кина

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Hyundai Bayon како конкурент на Volkswagen T-Cross

Загревање за 8-ми март: Жените во марката Mini