за

Форд ја утна стратегијата со електричните пикапи во Северна Америка

Форд силно притиска врз сопирачката за својата стратегија со електричните пикапи и СУВ во Северна Америка.

Форд ја одложува изградбата на фабриката врз којашто се темели целата стратегија за електрификација на понудата на компанијата во Северна Америка. Стартот на главната фабрика во Тенеси се одложува за две години, на втората фабрика во Канада за една година.

Поради забавената продажба на електричните автомобили на Форд во Северна Америка, компанијата го одложува стартот на фабриката, што е јадро врз коешто се темели амбициозната програма за електрификација на понудата од модели на компанијата, за две години.

Фабриката за пикапи во канадскиот Оуквил, во провинцијата Онтарио, ќе почне со производство дури во 2027 година, место веќе во 2025 година, како што се планираше досега. Пренамената на фабриката за производство на електрични пикапи сепак ќе почне во 2025 година.

Друга фабрика, што се гради од темел во Тенеси, според новите планови ќе отпочне со производство дури во 2026 година, место во 2025 година. Во оваа фабрика што се води како Блу Овал Сити, намерата на Форд беше со 6.000 вработени да произведува по 500.000 чисто електрични возила годишно.

„Мудро вложување на капиталот“

Извршниот директор на Форд, Џим Фарли, место тоа одлучи подолго да ги остави во производство хибридните и чисто бензинските модели, отколку што беше планирано првично. Компанијата сепак не се откажува од долгорочните планови за преоѓање на електирчен погон, нагласи директорот.

„Како втора најголема ЕВ-марка во САД во изминатите две години, си зедовме обврска да изградиме профитабилен бизнис со ЕВ, мудро да го вложуваме капиталот и вистинските бензински, хибридни и целосно електрични возила да ги пуштаме во продажба во вистинскиот момент“, објасува Фарли.

Вработените во Канада нема да работат со месеци

Вработените во фабриката во Оуквил, Канада, веќе се известени за одложувањето на стартот. Тие две години нема да произведуваат електрични воизла, но во тој период ќе добиваат 70 проценти од платата.

Можно е Форд да се реши за продолжување на производството на СУВ-моделот Еџ што доаѓа од таа фабрика, кажуваат луѓе што се упатени во состојбите во компанијата.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Во Норвешка одат на трет и четврт електричен автомобил

Рено Каптур со нов дизајн по пример на електричниот Меган