Форд в година ќе произведе само половина од планираната продукција за својот електричен пикап Ф-150 Лајтнинг, затоа што побарувачката забави. Тоа е силен удар за производителот, што влеваше големи надежи во електричниот пикап.
Пред две години, Форд прославуваше кога објави дека има добиено повеќе од 160.000 нарачки за електричниот пикап Ф-150 Лајтнинг. Производителот од САД тогаш најави дека ќе престане со нарачки за возилото.
Според еден протокол што го објави индустрискиот гласник Аутомотив Њуз, Форд им порачал на своите добавувачи, од јануари да го приспособат своето производство за 1.600 примероци од Лајтнинг неделно. Пикапот се произведува во Центарот за електрични возила на Форд во Дирборн, Мичиген. Првичните планови беа неделно да се произведуваат по 3.200 примероци, за да се постигне целта за годишна продукција од 150.000 возила.
Наспроти тоа, производството на изведбите на пикапот со бензински мотор во фабриките во Мичиген и Мисури нема да се менува, додава Форд во писмото до партнерите.
Форд во понеделникот испратил писмо, дека „производството и натаму ќе се приспособуива според побарувачката“. Веста доаѓа во време кога целата бранша ги скусува вложувањата во електрични автомобили, поради тоа што нивната продажба расте побавно отколку што се очекуваше.
Одложено е масовното производство на Тесла Сајбетрак и Шевроле Силверадо
Форд уште во октомври стави во мирување една од трите работни смени во фабриката за Лајтнинг, што погоди околу 700 вработени. Во соопштението од еден од добавувачите се наведува дека намерата на Форд била до 30-ти октомври годинава да достигне неделна продукција од 3.200 примероци од Лајтнинг.
BREAKING: Ford Lightning stuck in snow on flat ground, but nobody cares since it’s not a Tesla Cybertruck. “yikes” “the AWD software is so bad” pic.twitter.com/tmOCALq1CJ
— TSLA CHASE (@TESLAenjoyer) December 12, 2023
Тесла пред неколку денови ги испорача првите примероци од долго очекуваниот пикап Сајбертрак. Додека почне големосериското производство, сепак треба да мине повеќе од една година. За пикапот на Илон Маск исто така имало повеќе од 100.000 нарачки. Одамна се јавуваат сомнежи дека Сајбертрак ќе ѝ донесе подолготраен успех на Тесла.
Ривиан продолжува со производство на својот електричен пикап Р1Т и ќе ја достигне производствената цел за 52.000 возила. Во таа продукција сепак е вклучена и СУВ-изведбата Р1С.
Џенерал Моторс го одложи заедничкиот старт на производството на Шевроле Силверадо ЕВ и на ГМЦ Сиера ЕВ за 2025 година. Силверадо сепак почна да се произведува, меѓутоа во друга фабрика.
















