Јапонија десет години ќе одбива данок во висина од 400.000 јени (2.750 долари) за секој купен електричен автомобил. Тоа е дел од планот за земјата да го забрза производството на електрични автомобили и микрочипови.
Јапонската влада планира да започне со даночно олеснување во времетраење од цела една деценија, со цел да го поттикне масовното производство во пет подрачја на стопанството. Едно од тие подрачја е производството на електрични возила и на микрочипови, јавува Никеи Азија.
Владеачката либерално демократска партија ќе го вклучи даночното ослободување во предлогот за даночната реформа за фискалната 2024 година. Економскиот дневник Никеи пишува дека предлогот се очекува да биде готов уште во текот на неделава.
Другите подрачја што ќе бидат зафатени со 10-годишното даночно ослободување опфаќаат производство на одржливи горива за аеронаутиката, за зелен челик и зелени хемикалии. Покрај електричните возила, вклучени се и батериите.
Даночното ослободување ќе вклучува 400.000 јени (околу 2.750 долари) за секој купен електричен автомобил. За авионскиот превоз се планира 30 јени по литар одржливо гориво, следат и 20.000 јени за секој тон зелен челик, објавува Никеи.
Japan plans to offer 10 years of tax incentives to promote mass production in five areas, including electric vehicles and semiconductor devices.
For semiconductors, businesses will receive up to a 20% break on the corporate income tax each fiscal year. https://t.co/aOzrCmxfE4
— Nikkei Asia (@NikkeiAsia) December 12, 2023
За полупроводници, производителите ќе добиваат даночно ослободување во висина од 20 проценти на корпоративниот данок за секоја фискална година, додека за останатите категории, даночното ослободување ќе изнесува 40 проценти.
















