Шефот на Опел ќе биде одговорен и за целиот концерн Стелантис на германскиот пазар

Флориан Хуетл, извршен директор на Опел, со новата Фронтера, што во целосно електрична изведба ќе биде достапна за 29.000 евра.

Новата двојна улога на Хуетл е со цел да помогне во севкупната оптимизација на бизнисот на Стелантис на германскиот пазар, да придонесе за профитабилен раст и за зајакнување на интересот на купувачите за сите марки на концернот.

Покрај функцијата на извршен директор на Опел и Воксхол, Флориан Хуетл ќе биде одговорен и за активностите на Стелантис во Германија.

„Сакаме да ја зајакнеме нашата организација во Германија преку целно менаџирање и сосредоточување на соработка врз основа на партнерство, како внатре, така и надвор од компанијата,“  порача Жан Филипе Импарато, оперативен директор на Стелантис за Европа.

„Чест ни е што Флоријан Хуетл ќе го преземе раководењето со бизнисот на Стелантис во Германија, покрај својата улога како извршен директор на Опел,“ додаде Импарато, кој е воедно и вршител на должност на извршен директор на Стелантис, додека биде назначен заменик за Тавареш.

Тавареш во почетокот на декември си замина од концернот Стелантис, по разидувањето во ставовите со управниот одбор.

Флориан Хуетл ја презема должноста на Ларс Билалковски. „Сакаме да му заблагодариме на Ларс Билалковски за неговата работа во изминатите неколкју години, којашто во голема мера влијаеше врз успехот на Стелантис во Германиај и му посакуваме многу среќа во иднина,“ кажа Жан Филипе Импарато.

Претходна објаваТоа што е-Витара е за Сузуки, новиот Урбан Крузер е за Тојота
Следна објаваФолксваген нема да затвора фабрики, објави Менаџер Магазин

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here