Пет големи работи околу Фиат Гранде Панда

Фиат во почетокот од месецов ја прикажа новата Гранде Панда, малечка комбилимузина со изглед на кросовер, изработена врз плаформата Смарт Кар на Стелантис.

Фиат Гранде Панда е конструирана врз платформата Смарт Кар на концернот Стелантис, што е наменета за достапни модели од градската и компакт класата за светскиот пазар. Освен во целосно електрична изведба, Гранде Панда ќе биде достапна и во изведба со благ хибриден погон.

Гранде Панда ќе се произведува во Србија и прво ќе се продава во електричната изведба, што ќе биде достапна кон завршетокот на годинава. Во следната пролет ќе се придружи изведбата со благ хибриден погон. Во продолжение се петте најсилни обележја на моделот со којшто Фиат прави електричниот погон да стане достапен за многу поширок круг купувачи.

Спиралниот кабел за полнење е сместен зад маската

1. Ново место за кабелот за полнење

За електричната изведба, Фиат замисли постапката на полнење да ја направи поедноставна и го постигна тоа со вграден кабел за полнење што се извлекува од просторот зад маската и овозможува полнење со моќност од 7 кВ.

Според Фиат, Гранде Панда е прв модел што се појавува во продажба и поседува спирален кабел што е сместен во простор под хаубата, со што се заштедува простор во багажникот. Кабелот е трајно прицврстен на батеријата, така што по отворањето на поклопката е потребно само да се извлече кабелот и да се приклучи на полнач.

Преградата е покриена со материјал што е изработен од бамбус.

2. Бамбус, затоа што е Панда

Преграда за сместување што е наречена Бамбокс и се наоѓа пред совозачкото место, покриена е со поклопка што е изработена од влакна од бамбусово дрво, како што доликува за Панда. Сите прегради во таблата и околу неа имаат зафатнина од вкупно 13 литри. Тоа е по пример на првата генерација на Панда, којашто имаше отворени џебови.

Задната клупа е поделена и се соборува за да се добие уште повеќе багажен простор од стандардните 361 литри.

3. Голем багажник

Багажникот со зафатнина од 361 литри е невообичаено голем за автомобил што е покус од 4 метри.

Багажникот нуди уште повеќе простор од Ситроен е-Це 3, иако Гранде Панда е долга само 3,99 метри, што е 2,5 покусо од сестринскиот модел на Ситроен.

Просторот за багаж може да се зголеми со соборување на задната клупа што е поделена во сооднос 60:40. Тоа што Гранде Панда не го наследи од претходничката од 1980-те години е можноста задната клупа да се поместува надолжно за 100 милиметри, и да се избира меѓу повеќе простор за нозе или за багаж.

Овалните облици во внатрешноста се по углед на патеката за тестирање на покривот на фабриката Лингото во Торино.

4. Табла со инструменти со облик на тркачка патека

Кокпитот има овален облик што е инспириран од патеката за тестирање што се наоѓа на поклривот на историската фабрика Лингото, во Торино. Има и малечок модел од оригиналната Панда што се движи по патеката.

Дигиталните инструменти од 10 инчи ги придружува средишен контролен дисплеј од 10,25 инчи.

Истата овална форма се повторува и во просторот во средишната конзола околу бирачот за степени за возење и полначот за телефон. Со климатизацијата се ракува преку физички копчиња, што се изведени во посебен стил.

Графиката на предните светла е изведена со точки, исто како и логото на марката.

5. Точки

Фиат се реши да го следи трендот на точкести светла што го воведе Полстар, електричната марка на Волво.

Гранде Панда е веројатно прв модел во подостапните ценовни сегменти што прикажува точкеста графика во светлата. Тоа се совпаѓа одлично со кутиестата форма на каросеријата.

Точките во предните светла се придружени со стилизирани точки во маската (лажна кај електричната изведба) и во долните отвори за воздух.

Претходна објаваПродажбата на компактите расте по заслуга на Голф, мрднаа и електричните
Следна објаваМасерати пред исфрлување од концернот по разочарувачкото прво полугодие

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here