Fiat Argo за пет години се продаде во 330.000 примероци во Бразил

Фиат Арго (Бразил)

Fiat точно пред пет години започна со продажба на Argo на бразилскиот пазар. Моделот има препознатлив италијански стил и наиде на одлична прифатеност на пазарот. Тоа што го двои Fiat Argo, покрај дизајнот, се динамичните возни својства и квалитетната изработка. Токму последниве два важни фактори изненадија многумина и направија успехот на бразилскиот автомобил да биде уште поубедлив.

За пет години, Fiat Argo само во Бразил се продаде во околу 330.000 примероци. Минатата година, моделот ја заврши како трет најпродаван модел, со 85.000 примероци и близу 20% пазарен удел во својот сегмент. Уште од првата полна година во продажба (2018), Argo постојано е Топ 10 избор на Бразилките и Бразилците.

Важноста на Argo во понудата на Fiat на јужноамериканскиот пазар е многу подалекусежна. Неговото појавување следеше по Toro и Mobi во 2016 година, со коишто започна обновувањето на моделската понуда на марката. По него стартуваше уште еден важен модел, Cronos во 2018 година.

Argo доаѓа на местото на иконските модели во историјата на Fiat во Бразил, по легендарните Punto и Palio. Менаџментот покажа голема вештина во позиционирањето на новиот модел, кој понуди квалитет и својства на коишто купувачите претходно не им придаваа посебна важност.

Моделот ја исполни мисијата, марката Fiat да им стане уште попривлечна на бразилските возачи. Во меѓувреме стартуваше и новата генерација модели, New Strada, 500e и Pulse. Неколку новитети во погонската спрега на Argo се најавуваат за годинава.

Fiat го произведува Argo во Polo Automotivo de Betim (MG) и го продава во 13 латиноамерикански држави. Во целиот регион, продажбата достигна 400.000 возила. Моментно на пазарот се достапни четири верзии: Argo 1.0, Argo Drive 1.0, Argo S-Design 1.3 и Argo Trekking 1.3.

Електричниот Fiat 500 стартува со продажба во Јапонија

Претходна објаваMercedes се генијалци: Премиерата на GLC практично е филм
Следна објаваGLC: Бестселерот на Mercedes-Benz, уште еднаш

1 КОМЕНТАР

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here