Директорите на најголемите компании во автомобилската бранша и светски познати личности, на 21-ви јули се собраа покрај фонтаната пред повеќенаменскиот комплекс „Икона“ во Детроит, на свеченост во чест на назначувањето на група пионери во светот на автомобилите и мобилноста во Автомобилската Куќа на славните. Феручо Ламборгини, основач на Lamborghini, доби највисоко признание за својот огромен придонес во автомобилизмот.
Феручо Ламборгини е значаен за автомобилскиот свет како основач на Automobili Lamborghini во 1963 година, но исто така е ценет и поради стремежот за постојано подобрување и иновирање. Така се создадоа двата најценети модели на марката од Сант Агата, Miura и Countach. Од италијанската марка го опишуваат Феручо како човек што безрезервно се впуштал во предизвици, поттикнуван од убедувањето дека неочекуваното може да се постигне само преку постојан стремеж да се биде подобар. Неговиот претприемачки и пионерски дух ја сочинува основата на генетскиот запис на марката Lamborghini денес.
Андреа Балди, извшерн директор на Automobili Lamborghini за Америка, присуствуваше на свеченоста и ја прифати големата чест во името на Lamborghini. Мемерна плоча на којашто е впишан потписот на Феручо Ламборгини е поставена во Куќата на честа во Автомобилската Куќа на славните. Посетителите на овој важен објет можат да се присетат на големите дами и мажи, чијшто иновации во автомобилизмот го промениле светот и вовеле револуција во нашите животи.
Автомобилската Куќа на славните е непрофитна организација што им оддава чест и ги прославува лидерите и иноваторите во автомобилскиот свет и во светот на мобилноста. На тој начин, младите и возрасните добиваат предизвик за да постигнат повеќе. Основана во 1939 година, Автомобилската Куќа на славните досега има одликувано 757 личности од целиот свет, коишто оставиле печат и влијаеле врз автомобилите и мобилноста. „Куќата“ се наоѓа на 21400 Oakwood Blvd, во Дурнорн, Мичиген, и отрворена е за публика од четврток до сабота, од 10 до 16 часот. Секако дека постои и можност за онлајн посета, на automotivehalloffame.org , исто како и на профилите на организациајта на фејсбук и инстаграм.