за

Ферари ја качи добивката со ист број продадени возила

Побарувачката за суперспортските автомобили од Маранело во Кина опадна за 20 проценти.

За зголемената добивка на Ферари помогна големата побарувачка за поскaпите модели, каква што е Дајтона СП3.

Добивката на Ферари во последното тромесечје се зголеми за 13 проценти, иако продажбата остана иста во споредба со истото тромесечје лани.

Ферари пријави слаба добивка во првото тромесечје, откако продажбата на возила остана на истото рамниште како во првите три месеци лани.

Зголемените испораки на возила во Европа и во САД не надоместија за падот од 20 проценти во побарувачката за возилата на италијанската суперспортска марка во Кина. Тамошните високи увозни царини ја јадат профитабилноста во бизнисот со суперавтомобилите на Ферари.

Пречистената добивка, без пресметани камати, даноци, девалвација и амортизација, во првите три месеци од годинава е зголемена за 13 проценти и изнесува 605 милиони евра. Тоа е согласно очекувањата.

Резултатите „може да предизвикаат мала разочараност кај тие што се нови на берзата,“ оценува аналитичарот на Блумберг Интелиџенс, Мајк Дин.

Производството на Ферари е распродадено за следните две години и тоа ѝ овозможува на компанијата да има многу прецизни прогнози, што значи дека растот „отсекогаш беше неизвесен“, додава аналитичарот.

Производителите на автомобили се наоѓаат под притисок од општото забавување на економијата, и тоа сега почнува да им влијае и на купувачите на луксузни добра, што секогаш досега беа отпорни на кризи.

Порше во минатиот месец предупреди дека продажбата во Кина слабее. Купувачите таму се воздржуваат од купување, откако кризата со недвижнините им ја урна довербата.

Добивката на Ферари целосно се совпаѓа со предвидувањата. Маранело ги потврди своите прогнози за резултатите што ги очекува годинава. Самоувереноста доаѓа од добрата побарувачка за најскапите модели, каква што е Дајтона СП3, што чини 2 милиони долари. Пари доаѓаат и од тоа што купувачите се решаваат да нарачаат посебни изработки за своите автомобили.

Додека извршниот директор Бенедето Виња веќе почна да ја движи марката во насока на електрификацијата, Ферари и натаму се потпира врз своите профитабилни модели со мотор со внатрешно согорување, што носат висока маржа.

Во меѓувреме полнува да притиска конкуренцијата, за Ферари да подзабрза со преоѓањето на електричен погон. Кинески БИД во февруари излезе пред јавноста со ЕВ со високи перформанси, што ќе се продава по цена од преку 200.000 евра. Тоа може да го загрози пазарот на Ферари на големиот кинески пазар.

Изградбата на фабриката за производство на приклучни хибридни и електрични автомобили во Маранело ќе заврши во следниот месец. Првиот модел на Ферари со целосно електричен погон се очекува веќе кон завшретокот на следната година.

Возилата со приклучен хибриден погон учествуваа со 46 проценти во бројот на испорачани возила на Ферари во првите три месеци.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ролс-Ројс Кулинан го подмладе составот на купувачи на ултралуксузната марка

Првиот Порше 911 со хибриден погон има премиера во мај