Ferrari продолжува со својот придонес во борбата против пандемијата. Клиентите на спортската марка можат да донираат парични средства на посебна сметка, кои ќе бидат наменети за поддршка на здравствениот систем во Модена.
Иницијативата произлезе како резултат од напорите на Ferrari и на бројни клиенти ширум светот, кои во минатите години учествуваа во прочуената и почесна Кавалкада, традиционалната дружба на возачите на Ferrari. Сите средства што клиентите ќе ги донираат на сметката на спортската марка, понатаму ќе бидат пренасочени во здравствениот систем во општината Модена, во којашто припаѓа седиштето на компанијата.
За само неколку денови, оваа донаторска иницијатива веќе надмина вредност од еден милион евра и ќе продолжи да собира средства и во следните недели. Првата финансиска помош веќе е реализирана во Модена, во државната болница Azienda Unità Sanitaria Locale, којашто ќе ги користи средствата за лекување на пациентите што се заболени од Ковид-19, како и за набавна на медицинска помош и опрема.
Дел од фондот ќе биде наменет за проширување на Telemedicine, системот за далечински надзор на граѓаните со симптоми на Ковид-19, со помош на уреди што се поврзани со паметен телефон или таблет преку блутут. Благодарение на претходните донации, Azienda Unità Sanitaria Locale веќе ја користи оваа технологија.
Ferrari продолжува со производство во Маранело на 14-ти април
















