Ferrari продолжува со производство во Маранело на 14-ти април

Ferrari продолжува со производство во Маранело на 14-ти април
Ferrari продолжува со производство во Маранело на 14-ти април

Оптимистички вести околу обновувањето на производството во Италија. Откако повторно е обезбедена испорака на делови од добавувачите, Ferrari објави дека на 14-ти април продолжува со производство во двете фабрики во Маранело и Модена.

Сите работни активности што можат да се извршуваат од дома ќе продолжат исто како и во последните неколку седмици. Ferrari воедно ќе исплати и надомест за отсуството на сите вработени што не можат да ја искористат оваа можност.

Во врска со неизвесноста и непредвидливоста што ги предизвика вирусот корона, Ferrari ги презема сите неопходни мерки за да обезбеди добросостојба и здравје за сите вработени, односно мерки што ќе ги задоволат и интересите на акционерите.

Компанијата цени дека ќе биде во состојба да им обезбеди финансиски извештаи на акционерите, околу заработката во првото тримесечје, на 4-ти мај.

Ferrari Roma е тркачкиот автомобил што личи да паркира и пред опера

Претходна објаваSuzuki Ignis Hybrid или автомобилот со 29 денари еко-такса
Следна објаваMR2 со 600 КС: Црната ѕверка на Toyota за рели

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here