за

Колку електрични возила има регистирано во Јужна Африка?

Колку електрични возила има регистирано во Јужна Африка?
Колку електрични возила има регистирано во Јужна Африка?

Јужна Африка првпат објави извештај за пазарот на електрични возила во земјата. Во земјата до крајот на минатата година имало регистрирано 1.119 електрични и плагин-хибридни возила.

Во Јужна Африка до крајот на минатата година имало регистрирано 1.119 чисто електрични и плагин-хибридни автомобили. Уделот на двата видови погон е распределен рамномерно: 545 возила се чисто на струја, додека 574 возила се плагин-хибриди.

Бројките можеби се незначителни во споредба со Европа или Кина, меѓутоа е пријатно изненадување што доаѓа од крајниот југ на Африка. Достигнувањето е дотолку поголемо, што на пазарот до крајот на минатата година биле достапни само 3 модели со погон само на батерија. Во 2015 година, BMW i3 бил единствен електричен модел што се нудел во земјата. Тој постигнал 405 продажби до лани.

Продажбата на првата генерација Nissan Leaf била запрена по извесно време. Се шпекулира дека батеријата на овој електричен модел е пречувствителна за топлата клима во Јужна Африка. Оваа генерација на моделот не поседува активен систем за контрола на топлината. Третиот модел е изненадување. Тоа е Jaguar I-Pace, а исто се изненадување и 46-те продадени примероци од автомобилот што во земјата чини околу 83.000 евра.

Дополнително и даночниот систем го отежнува пробивот на возилата на струја. За автомобили со бензински или дизел мотор од ЕУ, царината изнесува 19 проценти, додека за електрични возила мора да се плати данок во висина од 25 проценти.

Јужна Африка има дополнителна слабост кон BMW, поради тоа што германската марка веќе со децении произведува во земјата

Кај плагин-хибридите има поширока моделска понуда, точно 10 модели. На BMW му припаѓа врвот во продажбата и во оваа категорија. Станува збор за, ништо помалку од i8 Roadster, со 295 примероци и цена од близу 120.000 евра. Солидно минува и новиот BMW X5 xDrive45e, кој се испорачува со батерија од 24 kWh и минува до 80 километри, пред да се разбуди бензинецот. Досега се продадени 31 примероци од престижниот СУВ со плагин хибриден погон.

Mini Cooper SE
Mini Cooper SE

Се очекува наскоро да започне продажбата на електричните модели Audi e-tron, Mercedes EQC, новиот Nissan Leaf, Opel Corsa-e и Mini Cooper SE. За 2022 година е најавен и Volkswagen ID.4. Единствено што уште недостига се моделите на Tesla.

Во земјата постои мрежа од 214 јавни полначи за струја и таа постојано се проширува, со нови полначи во трговските центри, аеродромите, па дури и по автопатиштата.

Најпродавани модели со плагин-хибриден погон во Јужна Африка

BMW i8 · 295 примероци

Volvo XC90 · 175 примероци

BMW X5 · 31 примероци

Mercedes C-Class · 29 примероци

Range Rover Sport · 16 примероци

Mercedes GLE · 12 примероци

Range Rover · 5 примероци

BMW серија 7 · 5 примероци

Mercedes S-Class · 4 примероци

BMW серија 3 · 2 примероци

Најпродавани модели со електричен погон во Јужна Африка

BMW i3 · 405 примероци

Nissan Leaf · 94 примероци

Jaguar I-Pace · 46 примероци

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

audi tt bimoto mtm tuning

Audi TT Bimoto пред дваесет години возеше со 1000 КС

Ferrari ги запре фабриките, добавувачите направија проблем

Клиентите на Ferrari донираат милиони евра во болниците во Модена