за

Ferrari го оддува покривот од својот најбрз модел

Ferrari SF90 Spider е прв хибриден модел на Италијанците со преклоплив цврст покрив

Ferrari SF90 Spider
Бројните изведби од моделското семејство СФ90 придонесоа за зголемувањето на продажбата во изминатото тромесечје.

Како што е пропишано во овие чудни корона-времиња, дури и најголемите автомобилски новини се појавуваат пред светот само во дигитална форма. Тоа не менува многу во самиот автомобил. Ferrari SF90 Spider прави возењето моќна машина без заштита од ветар да биде уште повозбудливо доживување.

Ferrari SF90 Spider е прв „отворен“ модел на Маранело со хибриден погон и поставува нови мерила во поглед на перформансите и иновациите, не само за италијанската марка, туку и за целиот сектор на спортски автомобили. Новиот спајдер го користи како основа екстремниот и рекордерски SF90 Stradale, но со клучна разлика.

Преклопливиот цврст покрив прави уживањето во моќноста без комплетна заштита од ветар да биде уште повозбудливо. Според италијанската куќа, SF90 Spider е совршен автомобил за сопственици што го бараат врвот што може да го понуди технологијата на Ferrari, но во исто време ја обожуваат возбудата да се вози без покрив.

Ferrari повторно се реши за преклоплив цврст покрив, затоа што решението гарантира најдобра звучна заштита, не се изобличува при високи брзини и на патниците им обезбедува простор и комфор. Потребни се 14 секунди за покривот да се спушти или подигне, и секако дека тоа може да се направи и во возење.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Прв со ваков покрив се појави 458 Spider во 2011 година. Со текот на времето, конструкцијата напредуваше и просторот што го одзема покривот во багажникот има зафатнина од само 100 литри, додека на обичните системи им се потребни 150 до 200 литри. Алуминиумската конструкција прави тежината на покривот да биде 40 килограми полесна од челичен покрив. Задниот прозорец се мести електрично и тоа им обезбедува комоција на патниците при висока брзина.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Бидејќи сепак станува збор за екстремна машина од Ferrari, секако дека и SF90 Spider, исто како SF90 Stradale е достапен со пакет за екстра динамика. Во овој пакет Assetto Fiorano се содржани ставки што не се нудат кај стандардниот модел. Тоа важи за амортизерите Multimatic од GT-тркачките болиди на Ferrari, како и карбонски и титан материјали, кои заштедуваат 21 килограм, карбонски заден спојлер и Michelin Pilot Sport Cup 2 хомологирани за трки. Посебен „детал“ на Assetto Fiorano е опцијата за двобојна каросерија, што исто е во стилот на тркачките болиди.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

МОТОР

Тип V8 – 90° – turbo – сув картер

Зафатнина 3990 cc

Пречник и од 88 mm x 82 mm

Моќност 780 КС при 7500 rpm

Вртежен момент 800 Nm при 6000 rpm

Максимални вртежи 8000 rpm

Компресија 9.4:1

ЕЛЕКТРОМОТОРИ

eDrive моќност 162 kW

eDrive досег 25 km

Батерија 7.9 kWh

ДИМЕНЗИИ И ТЕЖИНИ

Должина 4704 mm

Ширина 1973 mm

Висина 1191 mm

Меѓуоскино растојание 2649 mm

Ширина на предна трага 1679 mm

Ширина на задна трага 1652 mm

Празно возило без течности 1670 kg

Сооднос 1.67 kg/КС

Распределба на тежина 45% напред / 55% назад

Багажник 74 l

Резервоар 68 l (11 резерва)

 

ГУМИ И ТРКАЛА

Напред 255/35 ZR 20 J9.5

Назад 315/30 ZR 20 J11.5

СОПИРАЧКИ

Напред 398 x 223 x 38 mm

Назад 360 x 233 x 32 mm

МЕНУВАЧ

F1 осумстепен со двојна спојка, AWD, електрична предна оска

КОнтроли: eSSC: E4WD (eTC, e-Diff3), SCME-Frs, FDE 2.0, EPS;

ПЕРФОРМАНСИ

Системска моќност 1000 КС (735 kW)

0-100 km/h 2.5 s

0-200 km/h 7.0 s

100-0 km/h < 29.5 m

Крајна брзина 340 km/h

Круг на Фиорано 79.5 s

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mini john cooper works gp sport auto award

Најбрзиот Mini во историјата награден од читателите на Sport Auto

Новиот Kia Rio изложен во салонот во Скопје

Новиот Kia Rio изложен во салонот во Скопје