за

Новиот Kia Rio изложен во салонот во Скопје

Едно од моделските имиња на Kia што најдолго е познато на македонскиот пазар доаѓа во освежено издание, најавен како модел со „технологија од голем автомобил“.

Новиот Kia Rio изложен во салонот во Скопје

Во салонот на Kia Motors Macedonia веќе пристигна следната важна новина во понудата, по Stonic и неколкуте освежувања во гамата на Ceed. Овојпат станува збор за четвртата генерација на Kia Rio, вообичаено со освежуавње и во техниката и во изгледот.

Kia Rio е подготвен да го одбрани своето место, откако во пазарната понуда во градската класа пристигнаа неколку нови модели. Моделското име што долго постои во понудата на Kia Motors, во претходната и во сегашната генерација направи значително поместување во насока на факторот емоции при возењето, а тоа е својство коешто го поседуваат малку модели во класата. Секако, уживањето во возењето има смисла, затоа што истото го следи традиционалната супергаранција на Kia од седум години.

Македонската Kia ќе го нуди новиот Rio во три нови нивоа на опрема, кои може да се комбинираат со два агрегати. Првото ниво е Base, по кого што следуваат изведбите Reference 1 и Reference 2. Нивото Base се комбинира исклучиво со новиот 1,2-литарски бензински мотор со 84 коњски сили и со петстепен мануелен менувач. Во повисоките нивоа на опрема е вклучен 1,0литарскиот турбо-бензинец со 100 коњски сили, за кого што може да се избира меѓу шестстепен мануелен или седумстепен автоматски менувач. Дополнителна новина околу погоните е и благиот хибрид, кој доаѓа со 1,0литарски мотор со моќност од 120 коњски сили.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Нивото Base располага со мануелен клима уред, аудио систем со USB конекција и 4 звучника, аудио команди на управувач и Bluetooth конекција за поврзување со телефон + Audio Streaming. Потоа следи Reference 1 пакетот на опрема кој дополнително има FCA-систем за избегнување фронтален удар со препознавање на пешаци, темпомат, ограничувач на брзина, аудио систем со дисплеј на допир од 8 инчи и поддршка за Android Auto и Apple Car Play, предни LED дневни светла, како и предни и задни сензори за помош при паркирање.

>>> Kia Rio доби освежување, повеќе техника отколку козметика

Најопремената изведба е Reference 2, а во неа се вклучени автоматска контрола на светла, сензор за дожд, внатрешен ретровизор со автоматска заштита од заслепување, автоматски клима уред, стартување на моторот со копче, предни и задни LED светла.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Емилио Херера, главениот оперативен директор на Kia Motors Europe, при презентацијата на обновениот Rio посочи: „Rio е важен автомобил за Kia во Европа и ширум светот бидејќи е прв Kia автомобил за многу возачи. Обновениот модел се базира на клучните предности на автомобилот – практичност, квалитет и технологија со напредни карактеристики на безбедност и телематика, кои честопати се наоѓаат во автомобилите од многу сегменти погоре. Убедени сме дека овие надградби ќе го направат Rio поуспешен од кога било“.

Повеќе детали за новиот Kia Rio може да погледнат на официјалната веб-страница или во салоните на Kia Motors Macedonia.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ferrari SF90 Spider

Ferrari го оддува покривот од својот најбрз модел

РСБСП Незгодите не се случуваат, туку се предизвикуваат

РСБСП: Незгодите не се случуваат, туку се предизвикуваат