Должничкиот рекордер Evergrande произведува електрични автомобили

Кинеската групација Evergrande објави дека започнала со сериското производство на автомобилот Hengchi 5 во фабрика во градот Тјенцин, на северот на земјата.

Испораките на електричниот автомобил, што групацијата за електрични автомобили на кинеската Evergrande го претстави лани, ќе стартуваат во октомври, објави Evergrande.

Вториот електричен модел на Evergrande ќе влезе во сериско производство во првата половина од 2023 година, а третиот модел ќе следи во втората половина од годината.

Бизнисот со електрични возила е клучен бизнис на Evergrande, познат како најзадолжена компанија за градежништво во светот, којашто должи повеќе од 300 милијарди долари.

Претседателот Хуи Ка Уан постави цел, за главниот бизнис со трговија со недвижнини, во рок од 10 години да го пренасочи на производство на автомобили. Новото деловно поле на компанијата сепак продолжи да работи под своите финансиски можности.

Во претгодно соопштение од компанијата беше наведено дека до 2025 година ќе се достигне годишна продукција од 1 милион возила.

Необврзувачките нарачки за електричниот СУВ-модел Hengchi 5 стартуваа во јули, откако еден месец претходно беше одложен почетокот на производството за третиот квартал. Цената на моделот на кинескиот пазар изнесува 179.000 јуани, што одговара на околу 25.600 евра.

Вест за Evergrande од 2020 година

Кинескиот Evergrande ќе станува најголем производител на електрични автомобили

Претходна објаваDacia ќе вградува бензинци и по 2030 година
Следна објаваC5 X е ѕвезда на сцената, а како стојат останатите модели на Citroen?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here