за

Истражители на ЕУ ќе спроведат истрага во фабриките на МГ и БИД во Кина

Истрагата нема да биде спроведена во фабриките на странските марки во земјата, како што се Тесла, Рено и БМВ, се наведува во објавата.

МГ и БИД веќе продаваат неколку модели во Европа, а од пред извесно време, МГ како марка на САИЦ, се нуди и на македонскиот пазар.

Истражители на Европската Комисија во следните недели ќе спроведат истрага кај кинеските производители, за да одлучат дали да се воведат казнени царини, со коишто ќе се заштитат европските производители на електрични автомобили. Информацијата доаѓа од три лица што се упатени во случувањата.

Според два извори, европските истражители ќе ги посетат БИД, Џили и МГ, додека третиот извор наведува дека странските марки што произведуваат во Кина, ќе бидат изземени од истрагата. Тоа се однесува на Тесла, Рено и БМВ.

Истрагата започна во октомври и намерата е таа да трае 13 месеци. Целта е да се утврди, дали кинеските власти масивно ги потпомагаат домашните производители на електрични автомобили во земјата. Тоа на крајот им овозможува на кинеските марки поевтино да ги продаваат електричните автомобили на извозните пазари, вклучувајќи ја Европа. Таквиот вид на владина поддршка ги нарушува правилата за конкурентност.

Според Кина, истрагата е протекционистичка, што доведе до заострување на односите меѓу Пекинг и ЕУ.

Европската Комисија, кинеското министерство за трговија, БИД и САИЦ не одговорија веднаш на прашањата од светските новински агенции.

Од Џили одбија да дадат коментар, но затоа се повикаа на својата објава од октомври, во којашто беше наведено дека компанијата ги почитува сите закони и ја подржува чесната конкуренција на светскиот пазар.

Еден извор кажува дека истражителите веќе пристинале во Кина, додека друг извор кажува дека посетите се планирани во текот на месецов и во јануари.

Посетата е со цел да се верифицираат предметите, односно на лице место ќе се проверува дали одговорите што производителите на автомобили ги навеле во прашалниците од ЕУ се веродостојни, кажува еден од изворите.

Во документите на Европската Комисија стои дека истрагата се наоѓа во „почетна фаза“ и контролите треба да се извршат заклучно со 11-ти април.

Изворите барале да останат неименувани, поради тоа што деталите за посетата се доверливи.

Кина во минатата недела отпочна истрага за анти-дампинг за брендито што се увезува од Европската Унија. Се верува дека со овој чекор се цели кон Франција, којашто ја подржува истрагата на ЕУ.

МГ е марка на државниот автомобилски концерн САИЦ

Уделот на автомобилите што се произведени во Кина во продажбата на електрични возила во ЕУ порасна на осум проценти и се претпоставува дека ќе достигне 15 проценти до 2025 година. Кинеските електрични автомобили обично се продават по цена што е за 20 проценти под цената на автомобилите произведени во ЕУ.

Прва кинеска компанија што испрати пополнет прашалник на ЕУ беше токму Грејт Вол, еден од малкуте производители на автомобили во земјата што се во приватна сопственост. Концернот меѓу другото произведува возила од марката Хавал, којашто подолго од една деценија е редовен дел од понудата од автомобилски марки на македонскиот пазар.

Односите меѓу Кина и ЕУ дополнително се заострени, меѓу другото и поради приближувањето на односите со Москва, откако Русија изврши воени зафати во Украина.

ЕУ бара начини да ја намали својата зависност од втората најсилна економија во светот, главно од материјали и производи што се неопходни за зелената транзиција.

Во исто време, кинеските производители на електрични автомобили, почнувајќи од лидерот БИД, до помалите ривали Експенг и Нио, ги зајакнуваат обидите да го прошират својето влијание на прекуокеанските пазари, откако почна да се заострува конкуренцијата на домашниот пазар, а продажната динамика подослабнува. Повеќето од нив ја зацртаа Европа како главна цел.

Се претпоставува дека Кина лани ја престигнала Јапонија како најголем извозник на автомобили, со извоз на 5,26 милиони возила, чијашто вредност се цени на 102 милијарди долари, соопштија од кинеската автомобилска асоцијација во минатата недела.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тесла и Волво запреа со производство поради кризата на Црвеното Море, Стелантис се префрлува на авионски превоз

Рускиот пазар повторно со над еден милион нови автомобили во 2023 година