Најновата статистика го покажува обемот со којшто кинеските автомобили ја напаѓаат Европа. Во јануари и февруари, секој петти електричен автомобил продаден во Унијата, пристигнат е од фабрика во Кина.
Доколку се гледа во целина, вклучувајќи ги и моделите со класичен погон, односно со мотори со внатрешно согорување, силината со којашто кинеските производители го напаѓаат европскиот пазар сепак не е толку голема. Во тој случај, само четири проценти од новите автомобили што биле регистрирани во земјите во ЕУ во февруари, произведени се во Кина.
Уделот на кинеските марки изнесува 16 проценти
При анализата на податоците се покажува дека 44 проценти од автомобилите што во ЕУ се увезени од Кина, потекнуваат од марки од Западот – односно тоа се марките Тесла, Волво (дел од концернот Џили) и Дачиа. Понатаму, во увозот од Кина, 40 проценти се од марката МГ Моторс, што е дел од концернот САИЦ.
Кога ќе се повлече цртата, само 16 проценти од сите новорегистрирани автомобили во Европа, во јануари и февруари потекнуваат од кинески марки.
Познатиот аналитичар Фелипе Муњоз, од Јато Динамикс, цени дека е претерана загриженоста околу делот што кинеските марки го заземаат од европскиот пазар: „На кинеските марки им останува уште долг пат пред себе, пред да покријат значаен дел од европскиот пазар. И покрај напредокот, што тие го постигнаа во поглед на моќноста и достапноста, треба да мине време да зајакне имиџот на марките и да се промени мислењето што долго владее.“

Голем раст кај кинеските марки
Динамиката со којашто новите автомобили од Кина се пробиваат на европскиот пазар сепак е значајна. Во споредба со февруари лани, уделот што им припаѓа на автомобилите произведени во Кина, во вкупната продажба во Европа (ЕУ28), пораснал за 43 проценти.
За споредба, бројот на возила произведени во Германија, во истиот месец лани и годинава, пораснал за само осум проценти. Меѓу земјите производители што изгубиле од својот удел на пазарот, спаѓаат Кореја, Италија, Мароко и Романија.
Најпродаван електричен автомобил е Тесла Модел Ипсилон
Далеку најпродаван електричен автомобил во ЕУ28 во февруари повторно е Тесла Модел Ипсилон, со 19.940 возила, што претставува раст од осум проценти во споредба со истиот месец во 2023 година. Освежениот Модел 3 ја зголемил продажбата за дури 71 проценти, на 7.912 возила.

Втор најпродаван електричен автомобил е Пежо 208 (5.322 возила), веднаш по него е МГ 4 (5.231 возила). Најпродаван германски е-модел е БМВ и4 со 3.748 возила.
МГ во февруари беше и марка со најголем раст во продажбата во споредба со лани, со плус 106 проценти и 15.620 возила. Наспроти тоа, Фолксваген изгубил еден процент и има продадено 95.511 возила.
Најголем губитник е Форд со минус 17 проценти и продадени 34.621 возила.
Топ 50 Најпродавани модели во Европа (ЕУ28) во февруари 2024
| 1 | DACIA SANDERO | 20797 |
| 2 | TESLA MODEL Y | 19760 |
| 3 | VOLKSWAGEN GOLF | 19490 |
| 4 | PEUGEOT 208 | 18476 |
| 5 | CITROEN C3 | 17787 |
| 6 | SKODA OCTAVIA | 16587 |
| 7 | TOYOTA YARIS CROSS | 15760 |
| 8 | RENAULT CLIO | 15002 |
| 9 | VOLKSWAGEN T-ROC | 13975 |
| 10 | PEUGEOT 2008 | 13900 |
| 11 | DACIA DUSTER | 13630 |
| 12 | FIAT PANDA | 12865 |
| 13 | KIA SPORTAGE | 12623 |
| 14 | FIAT/ABARTH 500 | 12570 |
| 15 | RENAULT CAPTUR | 12083 |
| 16 | OPEL/VAUXHALL CORSA | 11959 |
| 17 | TOYOTA YARIS | 11895 |
| 18 | FORD PUMA | 11745 |
| 19 | NISSAN QASHQAI | 11436 |
| 20 | HYUNDAI TUCSON | 11174 |
| 21 | TOYOTA COROLLA | 10622 |
| 22 | VOLKSWAGEN TIGUAN | 9942 |
| 23 | AUDI A3 | 9770 |
| 24 | PEUGEOT 308 | 9755 |
| 25 | VOLVO XC40 | 8962 |
| 26 | VOLKSWAGEN T-CROSS | 8788 |
| 27 | FORD KUGA | 8639 |
| 28 | SKODA KAROQ | 8466 |
| 29 | BMW X1 | 8413 |
| 30 | VOLKSWAGEN POLO | 8407 |
| 31 | TOYOTA C-HR | 8254 |
| 32 | SKODA FABIA | 8060 |
| 33 | SEAT/CUPRA LEON | 7955 |
| 34 | DACIA JOGGER | 7936 |
| 35 | TESLA MODEL 3 | 7822 |
| 36 | MINI HATCH | 7811 |
| 37 | PEUGEO 3008 | 7579 |
| 38 | CUPRA FORMENTOR | 7559 |
| 39 | TOYOTA AYGO | 7462 |
| 40 | VOLVO XC60 | 7316 |
| 41 | SKODA KAMIQ | 7257 |
| 42 | OPEL/VAUXHALL MOKKA | 7063 |
| 43 | MG ZS | 6800 |
| 44 | BMW SERIES 3 | 6771 |
| 45 | HYUNDAI KONA | 6607 |
| 46 | TOYOTA RAV4 | 6604 |
| 47 | NISSAN JUKE | 6566 |
| 48 | OPEL/VAUXHALL ASTRA | 6547 |
| 49 | VOLKSWAGEN PASSAT | 6488 |
| 50 | BMW SERIES 1 | 6425 |
















