за

E-Class на струја главна на салонскиот штанд на Mercedes во Минхен

На првиот салон IAA во Минхен, Mercedes-Benz Cars ќе го прикаже целиот опсег на модели со погон на струја: Најава за нов smart, AMG-варијанта на електричната S-Class, но и E-Class на струја и концепт на Maybach.

Mercedes-Benz Cars подготвува бројни новитети за салонот IAA што годинава ќе се одржи првпат во Минхен (од 7-ми до 12-ти септември) и што првпат ќе ги опфаќа сите видови на мобилност. Тоа е веќе јасно, главнината од новитетите ќе бидат со електричен погон.

Вкупно осум премиери од сите автомобилски марки на Mercedes-Benz Cars на претстојниот салон за мобилност – значи не само автомобилски салон – во Минхен. Пет од премиерите имаат чисто електричен погон, има и една премиера на модел со високи перформанси со хибриден погон. Под мотото „Lead in Electric“, премиера на салонот IAA Mobility 2021 ќе доживеат модели со чисто електричен или електрифициран погон од Mercedes-Benz, Mercedes-EQ, Mercedes-AMG, Mercedes-Maybach и smart.

По електричниот пандан на S-Class, именуван соодветно EQS, во Минхен доаѓаат EQE како чисто електричен модел што одговара на E-Class, потоа Mercedes EQS во верзија на Mercedes-AMG со екстремна моќност и студија под знакот на марката Mercedes-Maybach, којашто покажe како ќе изгледа првиот суперлуксузен автомобил во електричната ера. Европска премиера ќе доживее EQB, електричната изведба на GLB. Салонскиот автомобил на smart ќе биде верна најава за првиот модел од новата ера на мини-марката.

Бизнисмените ќе патуваат на струја со Mercedes EQE, елеткричниот пандан на E-Class

Mercedes го најавува EQE како доказ дека бизнис-лимузина со електричен погон може да биде и спортска и комфорна. Елеткричната E-Class ќе постави нови мерила во својата класа, во поглед на возните својства и комфорот. Секако дека и просторната придобивка поради компактниот електричен погон ќе биде меѓу главните обележја на овој автомобил од „историската“ класа на Mercedes. Силуетата ќе биде слична со EQS, дизајнот се води како „One-Bow“.

New item by Automedia MK / Google Photos

Посебна важност има концептот на Mercedes-Maybach, кој ќе даде мошне прецизна претстава, како една марка со 100-годишна традиција во понудата на врвен луксуз ќе се развива понатаму во ерата на електричниот погон.

Mercedes-AMG ќе одржи светска премиера на својот прв модел со хибриден погон со високи перформанси. Останатите светски премиери се блиндираната изведба на новата S-Class, нормално со „моделска ознака“ Guard, како и првата C-Class All-Terrain, кросовер од актуелната генерација на моделот од средната класа, врз база на комбито T-Modell.

Mercedes EQB е електричен СУВ за големи семејства

Mercedes E-Class за сите терени

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Милион за половина година: Рекордна испорака на Audi

Kia ја зголемила продажбата за 50% во вториот квартал