Седми пат корпорацијата Донгфенг Мотор со своите возила учествуваше на воената парада на Тјенанмен. Од 1984 до 2025 година, на овој настан што се следи во светски размери, учествувале вкупно 750 воени возила на Донгфенг. Многу средства и многу труд беше вложен од страна на производителот, за да се гарантира дека воените возила безгрешно ќе продефилираат пред Претседателот и пред светот.
За големата прослава во чест на 80 години од победата над јапонската агресија и од Втората светска војна, Донгфенг Мотор повторно имаше чест да биде дел од парадата.
Кинеската корпорација е меѓу трите најголеми производители на автомобили што е во сопственост на кинеската држава и на македонскиот пазар е мошне присутна со своите патнички автомобили, Фортинг Т5 Ево, Глори 500 и 580, како и со лимузината Еолус Шајн.
Но, на 3-ти септември, на Денот на Победата, Донгфенг можеше да се води во сосем друго светло.
Сите возила на Донгфенг Мотор на парадата се развиени самостојно и произведени се целосно во фабриките на корпорацијата во Кина.
Посебна чест беше тоа што 25 возила Донгфенг Вориор ја предводеа копнената воена формација. Првите пет возила го истакнуваа знамето на Први август, денот на основањето на Народната Ослободителна Армија, додека останатите Вориори во четирите колони назад го прикажуваа почесниот грб на единиците за борба против Јапонија.
Од вкупно 115 возила на Донгфенг ангажирани за големиот празник, 80 воени возила се појавија на парадата. Покрај 25-те знаменосци, останатите Донфгенг Вориор имаа задача на „бранители“, со 24 артилериски возила за одбрана од напади со дронови, со опрема против сајбер-напади и командни центри, како и за батаљонска логистичка поддршка. На тоа следеа уште 40 тактички возила.
















